Ако сте љубители на кремастите оброк-салати, ова е идеален рецепт за вас. Постапката за приготвување е толку едноставна, што поедноставна не може да биде, а салата е вистинки деликатес.

Со оваа салата можете да појадувате, ручате или вечерате. Затоа, ако досега ниеднаш не сте ја пробале, не го пропуштајте овој рецепт, бидејќи ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки: 10 пиперки печени и исчистени, 2 печени лути пиперчиња, 4-5 чешниња лук, 600 г сирење и 50 мл масло

Постапка: Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки (прво измијте ги со ладна вода, избришете ги, испечете ги, па оставете ги да се изладат во најлонска кеса. Потоа излупете ги и отстранете ги петелките и семето).

Излупените и исчистени пиперки исечете ги, но не премногу ситено, за да се почувствуваат во салатата. Ставете ги во еден сад. Во зависност од соленоста на сирењето, додадете сол по вкус и малку масло, па додадете го и ситно исечканиот лук или уште подобро ако го истолчете.

Во смесата додадете издробено сирење. Доколку сирењето не е доволно масно, додадете уште малку масло за да може убаво да се измеша “Трљаницата”. Потоа измешајте ги убаво состојките, можете и со виљушка, но најдобро е да ја измешате со рака. Оваа салата најмногу е позната на Балканот, особено во местата од јужна Србија.

Уживајте во вкусот, а постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото: