Една диња дневно со додаток на парче црн леб, малку младо сирење или пилешко, немасно месо – е идеално решение за брзо слабеење.

Да, дињата е многу слатка и на прв поглед се чини дека носи премногу калории. Но, тоа е само на прв поглед! Нутриционистите велат дека слатката диња го забрзува процесот на губење вишок тежина.

На пример, доколку во текот на денот јадете само диња, би можеле да го елиминирате вишокот килограми само за еден ден.

Поделете ја дињата на 5 парчиња и изедете ги во текот на денот. Дозволено е да консумирате обична вода, чај без шеќер и фрапе од диња.

Ако ве измачува глад, може да додадете парче црн леб, парче сирење или парче варено пилешко. Но, подобро е еден ден да одлучите да се прочистите и да јадете само диња и ништо друго.

Ова е одличен метод доколку сакате да ослабете. Освен тоа, дињата помага ефикасно да го детоксицирате телото.

Исто така, важно е да се има на ум дека во нормална дневна исхрана, дињата ја јадете одвоено од другите производи со пауза од 2-3 часа.

Доколку дињата ја јадете после обилен оброк, таа ќе го успори варењето и со самото тоа може да дојде до други пореметувања во дигестивниот систем.

РЕЦЕПТ ПЛУС: СУПА ОД ДИЊА

Потребни состојки:

2 шолји сечкана диња
1 шолја вода
2-3 лажици шеќер
1 прстофат црн бибер

Постапка:

Дињата исчистете ја и исечкајте ја. Ставете ја во блендер, по желба додадете шеќер. Додадете прстофат црн пипер или повеќе и сомелете. Пред послужување добро изладете.