Проверен рецепт – за 10 минути, феноменални и брзи мекици со јогурт, тестото стои во фрижидер до 7 дена

Одличен и проверен рецепт со кој ќе ги приготвите феноменални брзи мекици со кои ќе ги израдувате најмилите. Вкусни се и можете да ги послужите за појадок или вечера.

Приготвеното тесто можете да го оставите во фрижидер и по потреба од него да вадите и да пржите онолку мекици колку ви се потребни. Тестото е одлично, воопшто не впива масло.

Потребни состојки:

500 мл млеко
1 квасец
1 прашок за печиво
4 јајца
1 лажица сол
200 мл јогурт
1,4 кг брашно +-

Постапка:

Loading...

Во подлабок сад просејте го брашното, додадете ги јајцата, прашокот за печиво, јогуртот, солта и млакото млеко со растворениот квасец. Замесете тесто исто како за кифлички, да не е тврдо.

Добро измесете го и ставете го во чист сад претходно намастен со масло. Прекријте го со најлонска фолија, намастена одвнатре со масло (за да не се залепи тестото кога ќе нарасне), па ставете го во фрижидер.

Вака приготвеното тесто може да стои во фрижидер до седум дена. Кога ќе посакате, извадете го тестото, па со влажни или намастени дланки формирајте мекици и пржете ги во умерено загреано масло, од двете страни. Преостанатото тесто вратете го во фрижидер.

Мекиците можете да ги јадете со сирење, со слатко од смокви, или со што сакате, преубави се и во слатка и во солена варијанта.

Coolinarika.com

Loading...