Овој напиток особено се препорачува овие денови, кога бројот на заразени лица ги надмина прогнозите. Одржувајте го психичкото и физичкото здравје на највисоко можно ниво.

Истражувањата на научниците укажуваат на фактот дека децата подобро го поднесуваат новиот вирус од повозрасните, бидејќи имаат почисти и поеластични крвни садови.

Бидејќи овој вирус е целосна непознатица за лекарите и научниците, секој од нас треба да ги преземе сите потребни заштитни мерки. Затоа ви го предлагаме овој рецепт за чистење на крвните садови и јакнење на имунитеот.

Потребни состојки:

4 лимони
1 мало парче корен од ѓумбир
2 литри вода
5 чешниња лук
малку ливадски мед

Постапка:

Внимателно и добро измијте го лимонот, оставете да отстои во раствор од сода бикарбона и оцет, па прелијте го со врела вода за да ги елиминирате од него сите нечистотии.

Потоа лимонот ситно исечкајте го или сомелете го. Ѓумбирот и лукот исчистете ги, па сомелете ги во блендер. Сите состојки ставете ги во една голема тегла.

Водата зовријте ја и оставете ја да се излади до 60 степени. Потоа прелијте ја врз останатите состојки. После два часа процедете и додадете една лажица мед за вкус.

Употреба: Користете го лекот секој ден на празен стомак. Пијте по 100 мл наутро и навечер во текот на три седмици, а потоа направете пауза од една седмица.

Постапката се повторува уште 4 седмици, наутро и навечер. Ќе почувствувате одлични резултати после 10 -14 дена. Напитокот чувајте го во фрижидер, а пред употреба дозата загрејте ја малку на пареа.

Совет плус: Движете се. Здравјето зависи од вашата физичка активност. Шетајте, трчајте, пливајте.