Како се прави похуван модар патлиџан – вистински летен рецепт

Модрите патлиџани се многу здрави, па кога е нивната сезона треба повеќе да ги користиме во нашата исхрана. Ова е еден одличен рецепт, како на најдобар начин да направите похуван модар патлиџан.

Потребни состојки:

1-2 модар патлиџан
3 јајца
сол по вкус
1 чаша брашно
1 чаша лебни трошки (презла)
масло за пржење

Постапка:

Измијте го модриот патлиџан, излупете го, па исечете го на тенки тркалца. Исечените тркалца наредете ги врз хартиена салветка и одозгора исто така, покријте ги со хартиена салветка. Оставете ги 10 минути.

Loading...

Во подлабок сад изматете три јајца со виљушка, па посолете ги со малку сол. Во друг сад ставете околу една чаша брашно, а во трет сад ставете исто толку лебни трошки (презла).

После 10 минути, тркалцата од модар патлиџан наросете ги со малку сол од двете страни, па валкајте ги на следниот начин:

Похување: секое тркалце прво набрашнете го убаво од сите страни, па потопете го во матените јајца и на крај завршете со презла, убаво валкајте го во лебните трошки и спуштајте го во умерено загреано масло.

Тркалцата пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат од двете страни, а потоа вадете ги на хартиена салветка. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...