Земам кефир, 1 јајце и ги правам за 10 минути! МАЖ МИ ЈАДЕ 10 ПАРЧИЊА И НЕ МУ СЕ СЛОШУВА…Полнетите меурести печива се толку многу вкусни што ќе сакате да ги јадете секој ден…

Релативно брзо се приготвува, тестото се замесува брзо и доволно е да отстои 10 минути, но во овој рецепт јас го оставам половина час, зашто толку ми е потребо за подготовка на филот.

Можете да ги полните со што сакате, но испробајте го и мојот начин, ќе се уверите дека се многу вкусни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

ТЕСТО:
400 г кефир/јогурт
1 јајце
1 лажиче сол
2 лажички шеќер
20 мл растително масло
600 г брашно
1 лажиче сода бикарбона

ФИЛ 1:
400 г компири варени
2 супени лажици кисела
сол, црн пипер по вкус

ФИЛ 2:
300 г мелено месо
1 главица мелен кромид
сол по вкус

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки освен брашното. Кога ќе се изедначи течноста, започнете постепено да го додавате брашното. Мешајте со лажица, па кога ќе се впие, замесете рачно. Треба да биде средно меко. Покријте го и оставете го да одмори 30 минути.

ЗА ФИЛ 1: Испасирајте ги варените компири и помешајте ги со кисела павлака. Зачинете по вкус.

ЗА ФИЛ 2: Измешајте го меленото месо со мелениот кромид и зачинете по вкус.

Од смесата со мелено месо правете 18 топчиња и испржете ги во тава со малку масло загреано на умерена температура.

Од пирето направете 18 топчиња, а потоа во средината ставете по едно месно топче и затворете го, од сите страни да биде обложено со компир.

Тестото поделете го на 18 парчиња и обликувајте топчиња. Покријте ги да одморат 5 минути.

Потоа развлечете ги со оклагија, во средината поставете по едно топче од компир и месо и затворете.

Вака приготвените полнети печива пржете ги во тава со масло загреано на умерена температура, по неколку минути додека да зарумени од двете страни.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте: „Со чаша јогурт и едно јајце ќе го добиете најубавото тесто за мекици, пуфкасти со меури, меки како памук“ – ОВДЕ.