Фото и рецепт: Светлана Трајчевска
Зелникот е традиционално јадење кое се приготвува во речиси секоја куќа. Зар има нешто поубаво од топол зелник со праз и кисело млеко?
Потребни состојки:
700 г брашно
¼ коцка квасец
300 мл топла вода
2 лажици масло
250 г маргарин / путер
1 лажиче сол
за фил:
3 страка праз
200 г сирење
4 јајца
200 г кисела павлака
Постапка:
Во топлата вода се раствора малку квасец, се додава 1 прстофат шеќер, 2 лажици масло, па постепено се дотура брашното во кое сме додале сол. Се замесува меко и еластично тесто кое се дели на два дела.
Едниот дел кој е малку поголем се развлекува како долна кора, а помалиот дел како горна кора.
Значи, се зема едниот дел и се расукува во потенка кора, па се премачкува со половина од маргаринот и се витка како ролат. Истото се повторува и со вториот дел од тестото.
Поглемиот дел го развлекуваме кора која паѓа над тепсијата од сите страни по малку, па се става филот и над него се поклопува со другата кора која се реди малку со набори. Краевите се превиткуваат кон внатре. Се попрскува со масло одозгора и се става да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, додека да зарумени убаво.
Фото и рецепт: Светлана Трајчевска