Болестите на срцето и крвните садови се еден од најголемите здравствени проблеми со смртоносни последици. Артериосклероза претставува збир од болести кои настануваат поради калцификација и затнување на крвните садови.

Таложењето на масни наслаги во артериите доведува со стеснување на нивните ѕидови и создавање на плаки кои можат да руптурираат, да создадат крвно згрутчување, а тромбот да се заглави во една од коронарните крвни садови и на тој начин да предизвика срцев удар.

Поради тоа, од особена важност е гриѓата за своето срце и крвните садови. Во продолжени на текстот дознајте кој е најдобриот лек за чистење на крвните садови и атеросклерозата.

ПРИЧИНА ЗА ЗАТНУВАЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Најчестата причина за затнување на крвните садови е нездравиот живот. Масните наслаги се таложат на ѕидовите од крвните садови, со што тие се стеснуваат и стануваат крути. Заедно со тромбовите можат да доведат до целосно затнување и да го спречат протокот на крвта. Затнувањето на крвните садови може да биде предизвикано од:

-пушење

-висок крвен притисок

-дијабетес

-исхрана богата со заситени масти и синтеза на “лошиот” холестерол

-стареење

ЗАТНАТИ КРВНИ САДОВИ НА ВРАТОТ

Вратните артерии (каротиди) се главните крвни садови кои доведуваат кислород до мозокот. Затнувањето на овие артерии и недоволниот доток на крв може да доведе до мозочен удар.

СИМПТОМИ за затнати крвни артерии на вратот се:

-неможност за говор или разбирање

-губиток на рамнотежа

-силни главоболки

-губиток на видот

-трпнење на едната страна од лицето или телото.

ЗАТНАТИ КРВНИ САДОВИ ВО НОЗЕТЕ

Болестите на периферните артерии означуваат болести на крвните садови во нозете и рацете. Затнувањето на крвните садови во нозете доведува до болка која постепено се зголемува. Исто така, таа болка може да ве буди од спиење или да се јавува додека одморате.

СИМПТОМИ на затнати крвни садови во нозете се:

-болка во нозете

-несигурен о’д

-умор после кратко одење

-студени стапала

-гангрена

-отечени стапала

-губиток на влакната на нозете

-промена на бојата на нозете

ЗАТНАТИ КРВНИ САДОВИ ОКОЛУ СРЦЕТО

Многу е важно навремено да се откријат симптомите за крвни згрутчувања и затнувања на крвните садови околу срцето.

Таквите затнувања се многу опасни и може да доведат до срцев удар.

СИМПТОМИТЕ се предизвикани од наталожени масни наслаги на ѕидовите од крвните садови, а тоа се:

-мачнина

-вртоглавица

-анксиозност

-слабост

-умор

-главоболка

-напнатост во градите, грбот, рацете

-болка во градниот кош

-недостиг на здив

ЛЕКОВИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ШИРЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Лековите кои ги препишуваат лекарите со цел превенција од создавање на тромбови и против затнување на крвни садови се:

-аспирин или андол кои ја разредуваат крвта (антитромбоцитни лекови)

-лекови кои спречуваат прекумерна коагулација на крвта (антикоагулански)

-лекови за намалување на крвниот притисок (антихипертензиви)

-лекови за намалување на холестеролот (статини).

Покрај лековите, кај некои случаи се препорачува и хируршки зафат и третмани како што се:

-ангиопластика

-вградување на премосници

врадување на стентови

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Природните лекови за срце и крвни садови се добра алтернатива на медицинските методи. Секако, некои сериозни состојби бараат и сериозна лекарска помош, но за спречување на затнувањето на крвните садови, најважен е начинот на живеење.

ПРОМЕНА на начинот на живеење вклучува:

-престанок на пушењето и одбегнување на простории каде се пуши

-физичка активност барем 30 минути дневно

-промена на исхраната

-контролирање на вредностите на крвниот шеќер и притисок

-редовно земање на пропишаните лекови

ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ ОД ХОЛЕСТЕРОЛ

Исхрана која е богата со заситени масни киселини од животинско потекло и путер, доведува до синтеза на “лошиот” холестерол. ЛДЛ холестеролот или липопротеинот со ниска густина е еден од 5 типови на холестерол во крвта. Таканаречениот “лош” холестерол ги пренесува масните киселини од црниот дроб во крвта, што доведува до таложење на мастите.

За да го намалите нивото на холестерол во крвта, од темел мора да ја промените исхраната. Тоа може да го направите следејќи ги следниве насоки:

-намалете го внесот на заситени масни киселини: исфрлете путер, жилчки, месни преработки и пекарски производи

-зголемете внес на незаситени масни киселини: јадете маслиново, ленено и масло од тиква

-зголемете внес на омега-3 и омега-6 масни киселини: јадете сина риба, спанаќ, соја, карфиол, брокула, ореви, бадеми и авокадо

-заменете го белото брашно и пекарските производи со интегрални житарици, како ориз, овес, јачман и сл.

-јадете намирници кои се богати со растворливи влакна пектини: јаболка, круши, портокали, праски, моркови и сл.

-одбегнувајте пржена, масна и силно зачинета храна

-не се прејадувајте и јадете повеќе мали оброци дневно.

ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ ОД НИКОТИН

Пушењето доведува до внес на никотин в организмот, а никотинот последично доведува до стегање на крвните садови. Освен со престанок на пушењето, никотинот може да се отстрани од телото со помош на некои од овие намирници:

-лук: ја поттикнува работата на црниот дроб што доведува до подобро излачување на токсините од телото

-чили пиперчиња: содржат капсаицин кој ја поттикнува работата на метаболизмот и на бубрезите, а може дапомогне и во одзатнувањето на крвните садови.

-кељ: преполн е со тиоцијанити и останати антиоксиданти кои се борат против слободните радикали во телото

-морков: содржи бета каротен од кој се создава витамин А, потоа витамин Ц и витамин К, кои заедно придонесуваат кон подобрување на циркулацијата на крвта и јакнење на одбранбениот систем

-спанаќ: поседува фолна киселина која може да помогне во елиминација на никотинот од организмот

-вода: која е основен градбен елемент на сите живи суштеста, а пиењето на повеќе од 6 чаши дневно, може да помогне во спречување на дехидратација н организмот, што често се случува поради пушењето.

ПРИРОДЕН НАПИТОК ЗА ОДЗАТНУВАЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Овој напиток ги чисти коронарните садови, бидејќи содржи лук и лимон. Ова се две намирници богати со антиоксиданси и антивоспалителни намирници кои помагаат во сочувување на здравјето на крвните садови.

Потребни состојки:

4 главици чук

4 органски лимони со кора

3 литри филтрирана вода

Постапка:

Лукот исчистете го и исечете го.

Лимонот измијте го добро и исечете го на парчиња. Потоа заедно лимонот и лукот сомелете ги во блендер или машина за мелење месо.

Смесата ставете ја во голема стаклена тегла и прелијте ја со врела зовриена вода (претходно филтрирана).

Теглата затворете ја и оставете ја во фрижидер три дена. Потоа процедете ја течноста, складирајте ја и продолжете да ја чувате во фрижидер.

Можете да додадете 2 лажици ѓумбир во прав.

Откако ќе се консултирате со вашиот лекар за сигурноста од употребата на овој лек, започнете го третманот кој трае 40 дена.

На почетокот трипати дневно се пие по 2 чајни лажички. А кога ќе се навикнете, пијте по 50 мл од оваа течност.

НАПИТОК ОД ШИПКИ ЗА ЗДРАВЈЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Шипката лесно достапен лек против затнати артерии. Содржи:

-антивоспалителни својства

-нутритивни вредности: калциум, витамини К и Ц, фолна киселина

-го намалува крвниот притисок

-ја подобрува циркулацијата во телото

Препорачана доза: 100 мл напиток од шипки, зачинет со малку ѓумбир и лимонов сок.