Дигестивниот систем е многу сложен систем во човековиот организам, бидејќи во него се извршуваат повеќе различни функции истовремено.

Затоа, многу е важно да се води сметка за неговата здравствена состојба, за да не дојде до развој на некои заболувања. Според некои светски познати доктори, заболувањата започнуваат токму во цревата и оттаму се рефлектираат низ целиот организам.

За да го спречите тоа, експертите советуваат да се започне консумација на исклучиво здрава храна, но, исто така, на секои шест месеци да направиме детоксификација на телото.

За тоа многу е важно да ги истренирате цревата навремено и добро да се празнат. Во постигнување на оваа цел, ќе ви помогне следниот рецепт.

Потребни состојки:

½ чаша зовриена вода (или околу 5 лажици)
150 г суви сливи
150 г урми

Постапка:

Кога ќе зоврие водата, во неа додадете го исечканото суво овошје. Оставете на тивок оган да се готви 15-тина минути. Потоа тргнете од оган и оставете да се олади.

Употреба: наутро на гладен стомак се консумира од една до три супени лажици, според потребите. Смесата се чува добро затворена во стаклена тегла, во фрижидер.