ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ – Чистење и лекување до темел

Сè што ќе изедете и испиете мора да помине низ црниот дроб, а доколку претерувате во јадењето и пиењето, автоматски го оптеретувате овој орган.

Со текот на времето доаѓа до таложење на токсини во црниот дроб и таложење на масти, со што доаѓа до замастивање на органот.

ЧАЈ ОД ОВЕС – ЛЕК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Потребни состојки:

Loading...

150 г интегрален овес во зрно
1,5 литар вода

Постапка:

Измијте го овесот со ладна вода, па ставете го во тенџере со 1,5 литар вода и варете го 20-тина минути. Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете да излади 2-3 часа. Потоа процедете го и пијте го во текот на денот. За најдобри резултати, пијте овесна вода во текот на 2 месеци.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ЗА ЗАБОЛЕН ЦРН ДРОБ?

Најчестите симптоми кои можат да укажат дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб се:

-замор
-поспаност
-општа слабост
-мачнина
-губиток на апетит
-и честа болка во стомакот.

Кога болеста е напредната може да се јави жолтица, губиток на мускулна маса, отекување на екстремитетите, лош здив, склоност на крвавење, црвенило на дланките, намалена влакнатост, собирање вода во стомакот и слично.

Болестите на црн дроб може да влијаат и врз промена на менталните функции и да предизвикаат намалено либидо, пореметување на менструланиот циклус и да влијае врз плодноста.

Во зависност од степенот на оштетувањето, симптомите може да се јават но и не мора, а нивниот интензитет може да биде по помала или поголема мера изразен.

ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Ова е најчестото заболување на црниот дроб. Со оглед на тоа што дебелината зема залет во светот, сè поголем број луѓе имаат некое пореметување во вид на масен црн дроб.

Црниот дроб се замастува со прекумерна консумација на масна храна, односно внес на премногу калории. Хронична воспалителна состојба на црниот дроб предизвикува масен хепатитис, а подоцна е хроничен, што доведува до цироза и други потешки заболувања.

ГЛУВАРЧЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ И РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ

Искуставата велат дека глуварчето е чудотворна билка кога станува збор за регенерација на црниот дроб. Најмногу го користат луѓе со замастен црн дроб. Се пие чај трипати дневно.

Две лажички корен од глуварче се прелива со чаша зовриена вода и се остава неколку минути поклопено, па се процедува и пие.

ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ТОПЕЊЕ НА МАСНОТО ТКИВО

Јаболковиот оцет се покажал како одличен за лекување на замастен црн дроб. Ги топи мастите и поттикнува слабеење. Се приготвува во вид на напиток од млака вода (или млеко), една лажица јаболков оцет и лажичка мед. Се пие пред оброк, во период од неколку месеци.

Loading...