Кај народот оревот е познат како чистач на крвта, лек за белодробни болести, катар на црева, за мускули и подобар вод. Во бањите се става и се користи како облога против инфицирани рани и егземи, кожни болести, воспаление на очи…

ПОТЕЊЕ НА СТАПАЛАТА

За потење на стапалата: Во 2 литри вода потопете по пет лажици иситнети оревови листови и кора од млад даб. Ставете во врела вода и варете 10-тина минути. Кога содржината ќе стане млака, во неа исперете ги нозете. После миењето не ги бришете нозете, туку оставете ги да се исушат на воздух.

ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КОСАТА

Во машина за мелење ореви сомелете 10 супени лажици орев (јатки), а потоа ставете ги во еден литар 96% алкохол. Шишето добро затворете го и две седмици чувајте го на топло место. Со таа течност масирајте ја кожата на косата секоја вечер и после тоа исуште ја косата.

ПРОТИВ БОЛКИ

Измешајте еден литар нерафинирано масло со 10 супени лажици иситнет оревов лист. Смесата оставете ја еден месец на топло место со секојдневно протресување неколку пати, а после тоа користете за масажа на болни места.

СО МЕД

Во комбинација со мед оревот е исклучително добар за штитната жлезда, а на организмот му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, белковини, масти, јаглениходрати.

Ефикасен е и кај исцрпеност и слабокрвност. Се приготвува на следниот начин: 500 г ливадски мед се меша со 500 г мелени ореви и еден лимон. Вака приготвен се консумира три до четири часа по една лажичка, до опоравување.