Зајакнете го имунитетот и подобрете го општото здравје со намирници кои веќе ги имате дома

Медицинските растенија и билки се вистинска ризница за здравјето и можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, а некои од нив се користат со години наназад за лекување на одредени болести. Во време кога владеат в ирусите најдобро е да консумираме билки кои отсекогаш биле познати за лекување на разни болести.

Лук – главната состојка на стариот тибетски лек

Корисните својства на лукот првпат беа забележани пред 4 – 5 илјади години, а исто така некои сведоштва велат дека тој бил главната состојка на стариот тибетски лек чиј рецепт бил запишан пред повеќе од 2000 години. Го има и во нашата народна медицина, па затоа често го има во многу мевлеми и природни лековити билки.

лук

Лукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Лукот го подобрува општиот имунитет, го подобрува капацитетот на белите дробови и респираторните органи, ги штити кр вните садови, го намалува воспалението и инфекциите на уринарниот тракт, има директен ефект врз бактериите и в ирусите и се вели дека е одличен антиоксиданс.

лук

Рецепт со лук, лимон и мед за да го забавите процесот на стареење

Подготовка: Ситно сомелете 10 главици лук и добро промешајте ги со 1 кг мед и сок од 10 лимони. Прелијте ја смесата во стаклена тегла, поклопете и оставете да отстои 8 – 10 дена на суво и темно место. По изминатото време консумирајте двапати на ден, пред оброк по една супена лажица од смесата.

Како една од најстарите култури на зеленчук, која е препознаена по силниот мирис и зачинетиот вкус, се смета дека потекнува од далечна Азија. Се вели дека Египќаните сметале дека неговата форма и концентрични кругови го претставуваат патот до вечноста и затоа во комбинација со мевлеми се смета за еликсир. Лукот изобилува со витамини, калиум и фолна киселина.

Кромид

Кромидот е добар извор на диетални влакна, витамини Ц и Б6, фолна киселина, калиум и манган. Дејствува како природен заштитник од многу болести, го отстранува пролетниот замор, ги намалува инфекциите и го зајакнува целиот организам. Го штити здравјето на срцето и кр-вните садови, го намалува ризикот од дегенеративни заболувања, го подобрува варењето на храната, ја чисти кр-вта од токсини, ги зајакнува коските, косата и ноктите. Смесите со сируп од кромид се користат во народната медицина уште од античко време.

Рецепт – чај од кромид за кашлица

Излупете и ситно исечете 6 средни кромитчиња. Измешајте ги со 4 лажици мед и ставете ги во сад на пареа. Поклопете и варете ги на тивко (на пареа) 2 часа. Консумирајте 1 лажица на секои 2 – 3 часа. Овој сируп/чај е наменет и за деца.

кромид

Коприва – најдобриот природен лек за анемија

Копривата е една од најлековитите растенија, а листот и коренот од коприва најчесто се користат во исхраната и приготвување на разни рецепти. Го има во речиси сите делови на светот, а најчесто во запуштени и обраснати терени.

Ова растение се користело уште од античко време, првично како лек против настинка и за детоксикација на телото, а подоцна и како диуретик, за лекување на отоци, кр-вавења, болести на слезината, астма, пневмонија.

коприва

Копривата е најдобар природен лек за анемија, содржи големи количини на железо, витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Исто така, содржи протеини, масти, јаглехидрати, флавоноиди, танин, хлорофил, каротен, лецитин, фитостерол, ацетилхолин. Исто така, копривата се покажа дека е одлична во третманот на хронични инфекции на уринарниот тракт.

Копривата го зајакнува имунитетот, ги смирува симптомите на ревматизам и артритис, го намалува кр-вниот притисок и шеќерот во кр-вта, помага при главоболки и несоница, ги елиминира проблемите со кожата, ги уништува цревните паразити, ја храни и зајакнува косата.

чај од коприва

Рецепт за чај од коприва

Измијте добро и ситно исечкајте 2 лажички лисја од коприва. Прелијте со 250 мл врела зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои чајот околу пет минути. Откако ќе го исцедите чајот, тој е подготвен за консумирање. Може да пиете до 2 чаши на ден (околу 500 мл).

Лута црвена пиперка – богата со витамини Ц и А

Бројни експерти наведуваат дека модерната медицина дури неодамна започна да го препознава она што домородците на американскиот континент го знаат уште пред илјадници години. А тоа е дека капсаицинот и другите елементи кои ги содржи лутата пиперка се корисни за зачувување на нашето здравје на сосем природен начин.

лути пиперчиња

Тие велат дека лутата пиперка директно влијае на зголемената секреција на серотонин, допамин, окситоцин и ендорфин, хормони одговорни за доброто расположение. Лутата пиперка е богата со витамини Ц и А, има антиинфламаторно дејство, ја ублажува болката, овозможува подобра циркулација на кр-вта и го загрева телото.

Исто така го стимулира здравјето на кардиоваскуларниот систем, го подобрува варењето на храната и се вели дека дури и поттикнува губење на тежината. Се наведува дека внесувањето на лута пиперка зависи од процентот на капсаицин што го содржи, и се советува дека иако е здрава и лековита, треба да се внимава на количината на дневниот внес.

лути пиперчиња

Рецепт за масло од лута пиперка за болки во зглобовите

Потребни состојки: 10 свежи црвени лути пиперки, 2 чаши ладно цедено маслиново масло, стаклена тегла од 1 литар.

Подготовка: Измијте ги пиперките, исечете го делот каде што е дршката и сомелете ги. Префрлете ги во стаклена тегла и полијте со маслото. Затворете ја теглата и чувајте ја на темно место 7 дена. Потоа исцедете ја содржината преку газа или цедалка. Исечканите пиперки можете да ги искористите како додаток во исхраната, а маслото протријте го по кожата и зглобовите.

Започнете со користење неколку пати во текот на денот, а потоа користете поретко. По триење, облечете памучни чорапи. За оние што имаат сензитивна кожа, најпрво нанесете на многу мал дел од кожата за да проверите дали би имале негативна реакција.

бел и виолетов кромид

Шипинка 

Припаѓа на големото семејство рози од над 400 видови, а нејзините лековити својства во народната медицина се познати уште од античко време. Може да се користи во свежа или сува форма.

Содржи големи количини на витамини Ц, А и Е, бета каротен, а овошјето е богато со јаглехидрати, протеини и растителни влакна. Содржи калиум, овошни киселини, танини, каротеноиди, флавоноиден рутин, елагинска киселина, ликопен.

Одличен е во борбата против инфекции и трески, го зајакнува имунитетот, ги чисти бубрезите и го стимулира мокрењето, помага при болка во стомакот, запира внатрешно кр-вавење и го намалува кр-вавењето за време на менструалните циклуси, добра е за авитаминоза, ја подобрува циркулацијата и ја чисти кр-вта.

шипинки

Рецепт – чај од шипинка против сува кашлица

Истурете лажица сечкани суви шипинки во 200 мл врела зовриена вода, поклопете го чајот и оставете да отстои 15 минути. Исцедете го чајот, а потоа може да го засладите со мед по желба.

Ѓумбир – превенција од настинка и грип

Се користи уште од античко време во додаток на храната и за лекување на разни состојби, а кинеските записи наведуваат дека ова растение е одличен лек против гадење, болки во стомакот, забоболка, кр-вавење и ревматизам. Коренот на ѓумбир најчесто се користи свеж, но може да се јаде и сув, во прав, во капсули или во форма на сируп и масло.

ѓумбир

Се користи против воспаление, го зајакнува имунитетот, одличен е за спречување на настинка и за смирување на кашлицата, ја подобрува циркулацијата, а ефикасен лек е и за мигрена и грип, ги ублажува стомачните тегоби и подуеноста во стомакот.

Рецепт – ѓумбир и мед за зајакнување на имунитетот

За време на сезоната на грип, можете да го пробате овој рецепт за да го зајакнете имунитетот. Измијте еден лимон, исцедете го и ситно исечкајте ја кората доколку е органска. Додадете 4 – 5 лажици мед и една лажица рендан ѓумбир. Консумирајте една лажица наутро на празен стомак.

ѓумбир

Борови иглички 

Можеби звучи чудно, но боровите иглички се многу лековити и се користат за спречување и лекување на разни здравствени проблеми. Тие се особено важни за зајакнување на имунитетот, а можете да ги консумирате во форма на чај. Сирупот е одличен за превенција на респираторни заболувања.

Рецепт – чај од борови иглички

Од горниот дел на гранчето земете дваесетина борови иглички, измијте ги и сварете ги во половина литар вода додека да зовријат. Оставете чајот да отстои половина час, исцедете го и пијте два до трипати на ден. Можете да го засладите со мед по желба.

борови иглички

Мајчина душица 

Освен што се користи како зачин во подготовка на некои јадења, мајчината душица е и неопходен дел од народната медицина. Се препорачува за исфрлање на секретот од белите дробови, за оние кои патат од бронхитис, неправилна столица, ревматски болки, а го зголемува и општиот имунитет.

Рецепт – чај од мајчина душица

Експертите наведуваат дека чајот од мајчина душица никогаш не се подготвува на отворено тенџере, бидејќи растението содржи лесно испарливи лековити состојки кои се губат додека се готват во отворен сад. Истурете една лажица мајчина душица во 200 мл врела зовриена вода, поклопете ја и по половина час процедете, засладете со мед по желба. Може да пиете три – четирипати на ден по една чаша.

мајчина душичка

Босилек – му дава енергија на целото тело

Зачинска билка која потекнува од Индија, а легендите велат дека во Европа го донеле монасите во 12 век. Православната црква, хиндусите и многу други народи му ја припишуваат божествената моќ на босилекот. Тој е додаток во разни јадења, додека народната медицина му припишува бројни лековити својства.

Одличен е за одржување на виталноста на организмот, дава енергија на целото тело, служи како антисептик за белите дробови, желудникот и урогени талните органи. Се користи против кашлање, болести на бубрезите, главоболки и депресија, одличен е во борбата против настинки, инфекции на ушите и ушните тапанчиња. Тој е моќен антиоксиданс.

босилек

Рецепт – чај од босилек

Истурете зовриена вода над сувите лисја на босилекот и оставете го да отстои десетина минути. Може да се пие секој ден, но се препорачува да се направи пауза од две недели по осмиот ден на консумирање.

Ајдучка трева – која се користела за повивање на рани

Ајдучката трева е најпознат домашен народен лек и за внатрешна и за надворешна употреба. Порано лисјата најчесто се користеле во правење на разни мевлеми за лекување на рани. Се вели дека разбојниците секогаш носеле со себе ајдучка трева, која ја ставале во разни мевлеми и со тоа ги преврзувале раните. Има корисен ефект врз органите за варење, ја прочистува кр-вта и црниот дроб, делува како аналгетик и антисептик, делува на сите внатрешни системи, лечи рани и воспаленија.

мајчина душичка

Чај од ајдучка трева

Истурете 2 супени лажици ајдучка трева во 200 мл врела зовриена вода. Оставете да отстои десет минути, а потоа процедете. Возрасните треба да пијат една чаша наутро и една чаша навечер, а децата една мала чаша во текот на денот.

Бозел – прочистувач на белите дробови и телото, природен детоксикатор

Една од најраспространетите растенија во нашата област, која ја користеа нашите баби и дедовци за подготовка на разни сокови, како и за бројни лековити пијалоци е бозелот. За него се вели дека е едно од најлековитите растенија во светот затоа што содржи големи количини на флавоноиди, каротен и витамин Ц.

бела ајдучка трева
цвет од бозел

Исто така содржи гликозиди, танини, природни шеќери, овошни киселини и малку есенцијално масло кое е обично присутно во овошјето. Богато е со големи количини на витамини како Б и Ц, а содржи железо и селен. Ги чисти белите дробови, а свежото овошје се користи за пролетно чистење на организмот.

Се користи за лекување на бројни в ирусни инфекции, кашлање, ревматски заболувања, уринарни проблеми, регулирање на столицата, трауматски повреди, а има и антибактериско дејство.

сок од цвет од бозел

Чај од бозел

Четири лажички суви цвеќиња истурете ги во 500 мл топла зовриена вода, оставете да отстои десет минути, па процедете. Се пие малку по малку во текот на денот.

Бел слез – смирува кашлица

Чајот од бел слез е познат по тоа што уште од дамнешни времиња се користи за исфрлање на секретот од белите дробови и ја смирува сувата кашлица. Чајот се прави од коренот на растението, што се смета за најлековит дел. Се верува дека чајот од бел слез го забрзува метаболизмот, добар е за варењето на храната, како и за проблеми со металоиди и е добар антиоксиданс, затоа е одличен за зајакнување на имунитетот.

без слез

Рецепт – чај од бел слез

Истурете лажица сечкан корен од бел слез во чаша млака вода и оставете го да отстои еден час. Потоа пијте го чајот во текот на целиот ден.

Бел оман (Инула)

Се користи како природен лек за многу здравствени проблеми, особено за бронхитис и астма. Коренот на ова растение е најлековит и има силно антибактериско дејство. Се користи за ублажување на пневмонија, астма, хронична кашлица, добро е за забавена циркулација, ишијас, ревматизам, анемични состојби и проблеми со воспаление на цревата или дијареа. Белиот оман може да се одгледува во секоја градина.

оман

Чај од бел оман (Инула)

Зовријте 500 мл вода, а потоа во неа додадете две кафени лажички корен од бел оман. Намалете ја температурата на готвење и оставете да се готви чајот уште 20 минути со постојано мешање. Потоа процедете и додадете мед и сок од лимон по желба.

За одржување на доброто здравје и зајакнување на имунитетот, редовно пијте чај од коприва, нане, шипка, користете бел лук и ѓумбир, а за да го подобрите капацитетот на белите дробови консумирајте мајчина душица и бел оман (Инула). Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

оман
Loading...