Рецепт и видео презентација на Аурора рецепти – Како да направите месни топчиња како додаток за домашни супи и чорби. Поздрав драги мои, сакав со вас да го споделам овој корисен и убав рецепт со кој на најлесен начин ќе направите домашни месни топчиња.

Овие топчиња се одлични како додаток на домашни супи, чорби и домашни тестенини, а притоа се многу здрави, бидејќи не содржат адитиви и засилилувачи на вкусот, знаеме што сме ставиле во нив и знаеме пто јадеме. Јас обично ги правам во поголема количина, па така имам резерва за неколку месеци.

Кога бевме деца, а и подоцна како возрасни, сите ги сакавме токму оние супи што содржеа месни кнедлички и секогаш дома се расправавме кој повеќе ќе изеде, бидејќи се содржеа само во ограничен број. Сега сè е многу полесно кога само ќе си ги направите.

Многу се вкусни, а може да се користат и за други готвени јадења, како што се разни чорбички или тестенини. Моите најмногу ги сакаат со сос за шпагети, совршено си одговараат. Се надевам дека и овој рецепт ќе ви биде од корист и ќе ви се допадне, па споделете го со вашите пријатели.

излегуваат голем куп месни топчиња од само 600 г мелени месо

Потребни состојки: 600 г мелено јунешко или пилешко месо, 2 мали главици ситно исечкан кромид, 2-3 чешниња лук, 2 јајца, сечкан коријандер или магдонос, малку сув зеленчуков зачин и сол, 1 лажичка црн пипер во прав, 200-250 г презла (лебни трошки).

коријандер
листот од коријандер ставете го во блендер за поситно да се исечка

Постапка: Најпрво листот од коријандер или магдонос добро измијте го под млаз ладна вода, исцедете го, па ситно исечкајте го. Потоа ставете го во блендер зошто потребно е навистина добро да биде иситнет, односно сомелен. Во подлабок сад ставете го меленото месо.

вака треба да изгледа ситно сечканиот коријандер
може да користите јунешко или пилешко мелено месо

Во него додадете околу две полни супени лажици од ситно сечканиот коријандер/магдонос, а потоа низ пресе изгмечете 2-3 исчистени чешниња лук, а вие ако сакате моѓе да ставите и повеќе. Двете главици кромид исчистете ги, па и нив исто така, исечкајте ги многу ситно.

Бидејќи месните топчиња навистина се многу мали, па затоа не би требало да има поголеми парчиња ниту кромид, па затоа е најдобро и него да го ставите во блендер и да го иситните што е можно поситно. Во смесата додадете и лажица-две сув зеленчуков зачин или по вкус.

Посолете по вкус и зачинете со една лажичка црн пипер во прав. Зачини можете да ставате и по сопствен вкус, она што вие најмногу го сакате. На крај во смесата додадете и две цели јајца и приближно 200-250 г презла. Лебните трошки не ги додавајте сите одеднаш.

Замесете со рака за да се соединат сите состојки и да се изедначи смесата. Додека месите постепено додавајте го остатокот од лебните трошки. Количината на презлата зависи од самата влажност на месото. на крај треба да добиете потврдо и густо тесто кое лесно ќе се обликува.

Откако ќе го замесите тестото кое треба да малку потврдо од вообичаено кога правите плескавици или ќофтиња, можете да започнете со приготвување на месните топчиња. Откинувајте мали парчиња од смесата и со помош на дланките правете топчиња со величина на лешник.

Ако сакате можете да ги правите малку помали или поголеми, но приближно оваа величина е најсоодветна. Приготвените точиња ставајте ги врз површина наросена со презла, а кога ќе ги завршите сите, одозгора наросете со уште малку лебни трошки за малку да се потсушат.

Ќе бидат исто како да сте ги валкале во брашно. Вака приготвените топчиња кои излегуваат цел куп, распоредете ги во зип-кесички или соодветни пластични кутии, па чувајте ги во замрзнувач и користете ги по потреба. Кога ќе ги ставате во кеси, потрудете се тие да бидат во еден ред и да ги поставите на рамна површина за да го сочуваат обликот.

Кога ќе ги користите извадете онолку колку што ви е потребно, а за нивно приготвување е доволно навистина кратко време, исто како кога варите и приготвувате супа. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.