Сè што е потребно за да се изгради силен имунитет, се наоѓа во овие три намирници, тврди најпознатиот американски доктор Марк Хајман. Тој е најпродаваниот автор на Њујорк Тајмс од областа на медицината и здравјето. Исто така, најчитани беа и неговите колумни во Хафингтон пост.

Доктор Марк Хајман испитува и анализира многу теми поврзани со човековото здравје и благостојба, неговата исхрана и лекувањето. Тој постојано е активен и своите анализи и сознанија ги објавува на Doctor’s Farmacy. Овојпат тој се осврна на трите намирници кои значително го зајакнуваат имунитетот.

Добрите бактерии во организмот се важни за одржување на бројни системски функции во организмот, меѓу другото за јакнење на имунитетот, регулирање на расположението, еластичност на кожата…

Во нашиот систем за варење се наоѓаат „безброј“ видови на бактерии, а нутриционистите велат дека посебно треба да обратиме внимание на намирниците кои и годат на една од нив, а станува збор за бактеријата akkermansia muciniphila.

Оваа бактерија е многу важна во одржување на здравјето на целиот организам, а особено на здравјето на слузокожата, која претставува бариера помеѓу нашиот систем за варење и остатокот од организмот. Кога слузокожата е здрава, не постои ризик дека бактериите и несварените честички од храната ќе доспеат во кр-вотокот.

„Трите намирници кои се клучни за здрав развој на оваа бактерија се: зелен чај, калинка и брусница“, открива д-р Марк Хајман.

калинка

„Секоја од овие намирници е богата со фитохемикалии, содржи танин, флавоноли, антоцијанини, кои имаат одлични антиоксидативни дејства. Во калинката се наоѓаат и пребиотични влакна, а во зелениот чај и брусниците се содржат антиоксиданти.

Антиоксидантите се молекули кои се наоѓаат во нашето тело и тие се првата одбранбена линија на нашиот организам кога станува збор за одбрана од надворешни „напаѓачи“, а главната улога им е заштита на телото од слободните радикали.

зелен чај

Неговиот предлог е следниот: За појадок изедете овесна каша во која ќе додадете брусница и зрна од калинки, а покрај појадокот ќе испиете и една шолја зелен чај. На овој начин на телото ќе му ги обезбедите неопходните материи за јакнење на имунилошкиот систем.

зелен чај

ПРОЧИТАЈТЕ: Калинка: лек за рак на простата, дијареа, паразити и други цревни инфекции. Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат експертите.

калинка

Ова вкусно овошје е вистински концентрат од витамин Ц, богато со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси. Некои истражувања покажале дека редовното конзумирање на свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

сок од калинка и јаболко

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот. Поради можни интеракции со лекови, овој напиток не се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес како и за оние кои во терапијата користат антидепресиви и други лекови.

зелен чај

Растителните хормони кои се содржат во ова овошје, го намалуваат ризикот за појава на рак на простата. Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во кр-вта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е со месеци да се пие секојдневно по 250 мл сок.

сок од калинка

Кората од калинка содржи повеќе од 20% танин што и овозможува да биде ефикасен лек против проливи. Исто така, содржи до 17% пепел и алкалоидите пелетиерин, изопелетиерин, металпелетиерин и псеудопелетиерин.

сок од брусница

Како да направите чај од кора од калинка?

Кората не треба да ја фрлате, туку треба да ја исушите и да ја зачувате за момент на потреба како што е случај при лекување на дијареа, отстранување на цревни паразити и против цревни инфекции. Сувата кора од калинка иситнете ја на помали парчиња и складирајте ја на суво место.

калинка

За да направите чај земете 3 големи лажици иситнета кора од калинка и прелијте ја со 1 литар вода која врие, оставете да отстои 15 минути и потоа процедете го.

Пијте по 2-3 шолји чај на ден. Правилното дозирање на чајот е многу важно и не смеете да претерувате со дозата затоа што може да влијае ток сично. Чајот од кора од калинка можете да го користите и за испирање на устата против афти, облоги на кожа против дерматитис итн.

калинка

Употреба на кората од калинките е корисна и специфична. Ова е многу корисно растение и овошје кое овозможува употреба не само на плодот, туку и неговата кора, кората и гранките од стеблото, па и коренот.

зелен чај

Се смета дека кората од стеблото на калинката е еден од најдобрите лекови против цревните паразити, а посебно против оние познати под името пантличари. Со оглед на тоа што е корисна, но превисоки концентрации во организмот може да влијаат неповолно, препорачуваме да се консултирате со добро упатено стручно лице или лекар.

калинка