Заборавете на белите влакна: Пијте го овој сок кој ја враќа природната боја на вашата коса

Предвремено стареење и белеење на косата може да значи дека некои важни состојки ви недостигаат во исхраната, а може да биде знак за некоја идна болест. Меѓутоа, постои начин да се успори процесот на белеење на косата и враќање на природната боја. Прочитајте во продолжение на текстот.

Со оглед на тоа што состојбата и изгледот на нашата коса покажува дали исправно и здраво се храниме, важно е да имаме на ум дека предвременото белеење не е толку естетски проблем колку што е здравствен.

ПРИЧИНИТЕ МОЖЕ ДА БИДАТ МНОГУ ДЛАБОКИ

Според научното објаснување, пигментот меланин е задолжен за производство на матични клетки кои се наоѓаат на секоја фоликула.

Loading...

Во зависност од нашата генетска предиспозиција, овие клетки започнуваат да произведуваат помалку пигменти како што старееме, а тоа на крај резултира со побелена коса.

Традиционалната кинеска медицина објаснува дека причината за побелена коса треба да се бара многу подлабоко од едноставното генетско наследство.

Односно, дека ние не го наследуваме белеењето на косата, туку болестите кои можеме да ги превенираме.

Според традиционалната кинеска медицина, квалитетот на крвта и здравјето на бубрезите се огледува во силата, бојата и состојбата на косата.

Намирниците кои ја јакнат крвта и бубрезите се: Хлорофил, шеќерна меласа, црн сусам, хиџики алга, коприва, а најмногу од сè – пченичната трева.

Кинеската медицина препорачува и одбегнување на прекумерно користење на млечни производи, месо и сол.

Прерано побелената коса може да укажува на пореметување на штитната жлезда, недостиг на витаминот Б5, Б6 и Б12, како и анемијата.

Недостигот на овие витамини и минерали честопати се поврзува со лошата апсорпција поради проблемите кои произлегуваат од Кронова болест, бактериски раст во цревата.

Недостиг на адекватниот витамин А, цинк и бакар, исто така може да предизвика проблем, што може да доведе до слаб имунитет, ослабување на крвните садови, а во некои случаи мозочен удар и болести на кардиоваскуларниот систем.

СОК КОЈ ЈА ВРАЌА БОЈАТА НА БЕЛИТЕ ВЛАКНА

Со редовно консумирање на свеж сок од млада пченична трева, ние се стекнуваме со многу здравствени поволности, а една од нив е и таа, дека може да го успори растот на белите влакна и да ја врати нивната природна боја.

Сокот од пченична трева воедно е одличен чистач на крвта, па помага во подмладување и регенерација на нашата кожа.

КАКО СЕ ДОБИВА СОК ОД ПЧЕНИЧНА ТРЕВА?

Пченичната трева можете сами да си ја направите или да ја купите од аптеките во вид на прав.

Потребни состојки:

30 мл сок од пченична трева
1 плод од сечкано овошје по избор
1 лимон – сок
1 лажица мед
малку вода по потреба

Постапка:

Младата пченична трева исцедете ја во соковник. Исцедете го и овошјето и лимонот. Измешајте ги сите состојки, засладете со мед и додадете уште малку вода по вкус.

Сокот се пие секој ден еднаш до двапати во текот на денот, секогаш на гладно.

Loading...