Медената облога е одлично средство кое ја смирува силната кашлица, буквално за една ноќ. Се препорачува и за деца и за возрасни.

Суштината на ова лекување на кашлицата е природниот метод, кој се користи уште многу одамна за лекување на болести на респираторниот тракт. Медот поседува висока биолошка активност, а со помош на облогата може да се помогне во исфрлањето на слузта која предизвикува силни напади на кашлица.

Медената облога е одлично средство кое ја смирува силната кашлица, буквално за една ноќ. Се препорачува и за деца и за возрасни.

МЕДЕНА ОБЛОГА- РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

Потребни се многу мали количини

  • мед
  • брашно
  • растително масло
  • газа
  • салвета
  • фластер леплива лента

Постапка:

Измешајте брашно со помала количина мед, да добиете смеса за облога која не треба да лепи на рацете. Додадете некое растително масло и повторно извалкајте ја облогата во брашно.

Ставете ја смесата на салветка и завиткајте ја во газа. Прицврстете ја на градниот кош или на грбот, со помош на фластер. Потоа облечете ја пижамата.

Обратете внимание, облогата да не ја ставате во пределот на срцето, туку малку погоре. Оставете ја облогата да делува 2-3 часа, најдобро кога детето спие, а возрасните може да ја остават преку цела ноќ.

За ова време се случува активно потење, па затоа ставете уште некоја заштита зошто чаршавите, бидејќи може обилно да се натопат.

Ваквите медени облози имаат добро антивоспалително делување и ефект на загревање. Видливи позитивни резултати ќе се јават во почетниот стадиум од болеста, кога поминува без компликации.

Третманот можете да го повторите неколку дена по ред, но веќе после првиот пат се забележува значително подобрување.

КОГА СЕ КОРИСТАТ МЕДЕНИТЕ ОБЛОЗИ?

При кашлица, медените облози може да се применат кај деца постари од 6 месеци. Детето не смее да има кожни заболувања или повреди на кожата.

Треба да се обрати внимание детето да нема алергија на производи од пчела. Затоа, за да проверите, најпрво ставете многу малку мед на некој дел од кожата на детето. Ако се појави црвенило или оток, значи дека има алергиска реакција, па во овој случај медените облози не смеат да се применуваат.

Исто така, не се препорачуваат доколку температурата на детето е повисока од 37 степени, без претходна консултација на лекар.