ЗА СИТЕ НАД 40: Овие витамини се неопходни за да се спречи деменција и пpoпаѓање на мозокот

Со текот на годините, заедно со остатокот од телото и другите органи, така и мозокот старее и се јавува ризик од појава на бројни болести, меѓу кои и Алцхајмерова болест. Токму овој ризик нагло се зголемува после 40-та година од животот. За да може мозокот да ги обновував своите клетки, потребно е правилно да се храни.




Доколку не се внесуваат потребните минерали и витамини во организмот, постои поголема шанса да почнете да заборавате на работите, да имате слаба концентрација и потешко да памтите, покажале истражувањата. Во продолжение прочитајте која храна ги содржи витамините кои го одржуваат здравјето на мозокот.




Според новиот дополнет извештај на Лансетовата комисија, во однос на превенцијата од пропаѓање на мозокот, експретите додадоа уште 3 дополнителни, нови ризик-фактори и тоа: прекумерно кон-сумирање на ал-кохол, по-вреди на главата и зага-ден воздух.




Овие нови 3 фактори се додадоа на веќе постоечките 9, утврдени во 2017: понизок степен на образование во помладите години, губење на слухот по 40-тата година, хипертензија, дебелина, пу-шење, деп-ресија, социјална изолираност, физичка неактивност и дијабет во подоцнежните години.




Никогаш не е рано или доцна да се преземе нешто во однос на подобрување на здравјето на мозокот

Деменцијата им го отежнува животот на над 50 милиони луѓе во светски рамки, додека бројот на пациенти со вакви заболувања се очекува да се триплира до 2050-тата година, особено во земјите со послаб економски развој (моментално 2/3 од пациентите се од овие земји). Според статистиките, жените почесто го имаат овој проблем во однос на мажите.




Во западните земји, како Англија, Франција, САД итн., бројот на пациенти со деменција е во постојано опаѓање, а се смета дека ова се должи на свесноста за здравиот начин на живеење и неговото влијание врз превенцијата од деменција.




Експертите од оваа област советуваат дека никогаш не е рано или доцна да се почне со превентивните мерки, а како најзначајни мерки ги наведуваат:

– Одржување на нормалниот кр-вен притисок (максимум 130/80), по 40-тата година; Почестите прегледи за слух и превенција од нарушен слух (на пример, избегнувањето на честа изложеност на многу гласни места), после 40-тата година и редовното носење на соодветни апаратчиња за слух, ако има потреба.




Потоа, избегнување на изложеност на загаден воздух или носење на соодветни заштитни маски; Непушење и избегнување на изложеноста на чадот од цигари; Превенирање на по-вреди на главата; Избегнување на ал-кохол или умерено пи-ење; Редовна физичка активност; Намалување на вишокот телесна тежина.




Претходните совети за превенирање на деменција експертите ги препорачуваат по претходна сеопфатна, системска анализа, вклучително анализа на достапната литература, мета-анализите и индивидуалните студии на тематиката.

Речиси сите препораки без исклучок, се преклопуваат со она што значи здрав животен стил, односно усвојување на принципите на здравиот живот. Здрава исхрана, избегнување ал-кохол, непушење, редовна физичка активност, но и ментална активност (читањето, љубопитноста и постојаното учење нови работи), менаџирање со ст-ресот, квалитетен сон и одржување нормална телесна тежина.




Оваа храна е одговорна за доброто здравје на мозокот:

Сулфурот е неопходен за нормално функционирање на мозочните клетки. Сулфурот се наоѓа во зелка, моркови, краставици, лук, смокви, кромид и компири. Цинкот ги подобрува менталните перформанси и составот на кр-вта, а исто така спречува некои нер-вни болести. Цинкот се наоѓа во пченичните никулци и пченични трици.

Калциумот е неопходен за нормални процеси на хематопоезата, а исто така спречува влегување на патогени во кр-вотокот и затоа штити од инфекција. Калциумот се наоѓа во големи количини во: јаболка, кајсии, цвекло, зелка, моркови, цреши, краставици, грозје, зелен зеленчук, бадеми, портокали, праски, ананаси, јагоди и цели зрна.




Железото го обезбедува потребното ниво на хемоглобин во крвта, без него виталните процеси во мозочните ткива се невозможни. Железо се наоѓа во: грав, зелка, цреши, зелен зеленчук, сенф, портокали, грашок, ананас, домати, ориз и школки.

Магнезиумот е неопходен за нормално функционирање на нер-вниот систем и спречување на нер-вни болести, несоница, воз-немиреност, главоболки и деп-ресија. Магнезиум може да се добие од храна како бадеми, зелена салата, нане, цикорија, маслинки, кикирики, компири, тиква, сливи, ореви и интегрални житарици, пишува НМД.мк

Претходна статијаКога црниот дроб е полн со тoксини, вие се дебелеете – со овој напиток се чисти за 72 часа
Следна статијаВо секој агол од собата ставете тегла со ориз – резултатот ќе ве воодушеви