Дали знаевте дека од ориз можете да направите феноменален освежувач на просторијата, кој освен што е целосно природен, може да трае и до неколку месеци. За да го направите овој собен освежувач, кој меѓу другото ќе можете да го користите и како освежувач за гардероберот, ќе ви биде потребна стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло.




Оризот ќе ги впие сите мириси на есенцијалното масло, така што за миг просторијата ќе замириса прекрасно. Овој освежувач е многу подобра опција од купување на оние кои се полни со хемикалии. Можете да изберете масло од кое било етерично масло или природен парфен, но најефикасно за отстранување на непријатните мириси е маслото од маточина.




ЕВЕ КАКО СЕ ПРАВИ ДОМАШНИОТ ОСВЕЖУВАЧ ОД ОРИЗ: Наполнете ја теглата со ориз. Додајте 10 до 20 капки од вашето омилено есенцијално масло. Затворете со капак, а потоа добро протресете за рамномерно да се распореди маслото врз зрната ориз.




Тргнете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента. Може да користите и декоративни панделки. Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додајте уште неколку капки масло.




Вака подготвениот освежувач можете да го чувате во секоја просторија, или пак да го ставите во гардероберот така што облеката ќе го добие мирисот што го посакувате. Најдобро би било да користите помали теглички, така што ќе ставите по една во секој агол од собата.




Тегличките можете да ги декорирате по сопствен избор користејќи шарен ориз и теглички во бои, па да ја искористите вашата креативност за разубавување на ентериерот. Какви освежувачи за простории користеле нашите баби, дознајте во продолжение од текстот:




ОСВЕЖУВАЧ НА ВОЗДУХОТ СПОРЕД РЕЦЕПТ НА НАШИТЕ БАБИ

Дали некогаш сте ставиле кора од портокал на рерна, шпорет или радијатор? Ако не, обидете се следниот пат. Целата куќа ќе ви мириса прекрасно и сите сетила ќе ви се разбудат. Дали се сеќавате на убавиот мирис на јаболка и цимет кога одите кај вашата баба? Тоа е ваша зимска варијанта, совршен освежувач на простории. Рецептот е лесен за подготовка:




Истурете половина литар вода во тенџере и додајте кора од јаболко и малку цимет, а потоа оставете да зоврие десет минути. Веднаш ќе почувствувате прекрасен мирис кој ќе го облее вашиот дом.




Еве уште еден стар рецепт. Ако не можете да се ослободите од мирисот на пржена риба или запржен кромид или лук, ставете чинија мелено кафе среде кујната. Истиот ефект ќе го постигнете со обична сода бикарбона.




Како што можете да видите, бабите дефинитивно ги имале своите тајни и знаеле како да ги освежат собите. Сите овие состојки се целосно безопас-ни и мирисаат прекрасно.

Рецепт за освежување на воздухот. Потребни состојки: 2 лажици говедски желатин, 3/4 чаша вода, 1/4 чаша ал-кохол, 1 лажица сол, 15 капки мешавина од етерични масла, 1 до 2 капки боја за јадење по ваш избор, стаклени тегли со шупливи капаци (исто така можете сами да ги избоцкате).




Подготовка: Зовријте ја водата и додајте го желатинот. Мешајте додека желатинот да се раствори целосно. Тргнете го тенџерето од шпоретот и додајте сол. Кога малку ќе се олади, додајте го ал-кохолот, бојата и маслото. Промешајте и прелијте во тегли. Оставете го во фрижидер да се стврдне.