Денес, на 30 јули православните верници го прославуваат празникот на Света Марина која се почитува како ревносна христијанка и заштитничка на жените. Бројни народни верувања се испреплетени со оваа светица, а според нејзините моќи се споредува со Свети Илилија.




Имено, Света Марина позната е уште под името „Огнена Марија“, бидејќи во минатото се сметало дека и таа може да казнува со оган, како и Свети Илија со гром. Иако овој ден во црковното календарче не е означен со црвени букви, сепак е еден од позначајните празници кај црквата и народот.




Света Марина била родена во еден незнабожечки дом, во време кога христијанството било забрането. Меѓутоа, многу рано таа се запознала со христијанската вера, а на дванаесет годишна возраст била крстена, против волјата на своите родители.




Оваа Марина била многу убава девојка, па засебе ја посакал царскиот намесник од Антиохија, па кога слушнал дека таа се преобратила во Христијанка, веднаш ја побарал за жена, мислејќи дека таа ќе подлег-не пред моќта.




Меѓутоа, Света Марина го одбила и затоа тој ја извел пред суд, за да и се суди според сите прописи како христијанка. Во тоа време немало милост ни за маж, ниту за жена и деца, и по само после два дена изма чу-вање, на 16 годишна возраст, таа била погу-бена.




Поголемиот дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Мари на во областа на Мала Преспа, односно тоа се македонските села во Албанија, и тука сè уште се случуваат разни чу-да и необјаснети настани.




Кај народот останалот верувањето дека, ако на овој ден светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа значи дека постои голем грев кај народот и дека Света Марина испраќа лош знак, па оние грешните треба да се молат за да ги одмине нејзината казна.




Овој ден е познат и како женски празник, кога жените речиси ништо не работат, за да можат целосно да и се посветат на молитвите упатени кон Света Марина. Секоја жена треба да отиде во црква и да се помоли пред иконата на Света Марина.




Се смета дека во овој период од годината настапуваат најтоплите денови, а поради жештината се јавуваат и пожа-ри во полињата кои и‘ се препишуваат на Света Марина, па од тие причини, на овој голем ден не треба да се работи.




Спроти празникот жените требало да одат во црквата Света Марина каде носеле проскура (лепче-проскурник), варена пченица и шише ракија. На денот на празникот и мажите и жените оделе во црква на свечена утринска богослужба.




Нафората се носела дома и за здравје се давала на сите членови од семејството кои не успеале да дојдат на утринската литургија во црквата. После ручекот сите оделе на средсело и играле оро, а веселбата продолжувала до доцните вечерни часови.