Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие. Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Православните христијани во недела го одбележуваат Велигден.

Велики петок ст-рого се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи. Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават пликови.

На овој ден се почитува ст-рогиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро. Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не се пушта музика, како ни црковни ѕвона.

Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика сабота ќе го сонат својот иден маж.

Се верува дека оној кој на Велики петок ќе ја измие косата во текот на целата идната година нема да го боли глава, и ако куќата малку ја „помети“ со метла, која потоа ќе се фрли, со неа ќе го исфрли сето з-ло од куќата и домаќинството.

Народни верувања за петок, едно нешто не смее да се прави

Народните верувања и обичаи кои ги следат се присутни во секој сегмент од животот. Тие верувања не ги заобиколуваат ниту деновите од неделата. Така, во петок, ден за кој се поврзуваат најголем број верувања, особено што долго време се сметал за мале-розен ден.

Дури се верувало дека децата кои се родени во петок ќе ги следи ма-лер во текот на животот. Овие нешта, според народните верувања, никако не треба да ги правите во петок: „Во петок не треба никако да се чешлате, бидејќи од тоа боли глава и побрзо белее косата“, ќе ви кажат бабите и оние поупатените во верувањата.

Честопати може да се слушнат изјави дека домаќинките во петок не перат, не чистат, не вршат никаква домашна работа. Некои дури не се ни капат и не сечат нокти во петок.

Се верува дека во петок се завршуваат сите работи, а никако да не се почнуваат нови. Сите овие верувања може да се доведат во врска со христијанството, бидејќи во петок се пости и се та-гува по рас-пна-тиот Исус.

Уште една работа не треба да се прави во петок, доколку сакате да имате пари! Се верува дека во петок не треба да позајмувате пари, ниту да враќате долгови. Додуша, овој обичај за недавање пари можеби ќе го слушнете и за денот понеделник.

Во некои семејства важи правилото во петок ништо да не се изнесува од куќата, а особено не прехрамбени намирници од животинско потекло. Оној што ќе го прек-рши правилото, па ќе му позајми некому млеко, се верувало дека волци ќе му ја за-да-ват стоката.

Во петок старите не оделе на лозјата, а избегнувале и да патуваат. Интересно е и тоа дека многумина имале различни називи за одреден петок во годината:

Првиот петок во годината по месечевата мена се нарекува Млад петок. Тогаш жените и девојките ништо не работеле од женски работи: не готват, не месат леб, не шијат, а причина за тоа била главоболката.

Петокот кој се паѓа во Тодорова недела, се вика Л уд петок, петок во Стра-шна недела се вика Велики петок, петокот по Божик се вика Светол, а во неделата на Света Тоица се вика Русан петок.

Ако ве интересира, во продолжение прочитајте ги и народните верувања поврзани со билката рузмарин. Ова силно растение со опоен мирис го користеле не само за лекување, туку и во многу различни обреди.

Постои верување дека ако сте емотивно пов-редени од невозвратена љубов, изне-верени од партнерот, разоча-рани во детето, во пријателите… – рузмаринот ќе ви помогне да се излекувате и да ги излечите невидливите ра-ни.

Се верува дека рузмаринот ги смирува моментните чувства, но и дека помага личноста да стане емотивно многу посилна од претходно. Според верувањата, рузмаринот е билка која го чува домот од огра-бу-вачи, од ло-ша енергија, од л ош брак…

Старите верувале дека ако жената се сомнева во верноста на својот сопруг, доволно било да стави гранче под садот од каде тој земал храна. Со тоа жената „го врзувала“, па тој каде и да бил, брзал да се врати дома.

Рузмаринот штител и од не-среќи, па честопати се изработувале амулети од оваа билка кои се чувале близу себе, во автомобилот, во домот..

Доколку во домот доаѓале непожелни гости, старото верување вели да се земе малку рузмарин и семе од анасон па да се стави над влезната врата. Се верувало дека непожелните гости веќе нема да доаѓаат.

За љубов: се земале три гранчиња рузмарин, врзани со црвен конец и се ставале под чергата на влезната порта – за да дојде саканото лице. Рузмаринот е многу корисен во народната медицина. За подобро здравје се ставало под креветот или во негова близина.