Брза плазма торта која се приготвува многу брзо, за 15 минути, а многу е вкусна, подобра е дури и од сладолед. Се приготвува од кекси и овошје и можете да ја направите секогаш кога ќе ве изненадат гости или кога ќе ви се пријаде нешто благо. Многу е вкусна и по вкусот потсетува на сладолед…

Потребни состојки: 500 мл слатка павлака, 400 г кисела павлака, 130-150 г шеќер во прав, 400 г мелени кекси, 100 г кокос, 400 г смрзнати малини или смрзнато овошје (шумско овошје, јагоди, капини или било какво друго бобесто овошје, а може и банани)

500 мл слатка павлака
изматете ја слатката павлака во шлаг
400 г кисела павлака и 130-150 г шеќер во прав
изматете

Постапка: најпрво изматете ја слатката павлака додека да добиете цврст шлаг, но не претерувајте со матење премногу. Во посебен ставете 400 г кисела павлака и додајте 130 г шеќер во прав. Кратко изматете со миксерот додека да се соедини павлаката со шеќерот.

Изматената кисела павлака додајте ја претходно изматениот шлаг
промешајте

Изматената кисела павлака додајте ја претходно изматениот шлаг. Промешајте со лажица или шпатула за да се соединат состојките. Ако сте претерале со матење на шлагот и ако смесата ви е премногу густа, тогаш додајте неколку лажици ладно млеко за да ја омекнете.

додајте 100 г кокос
промешајте
додајте 400 г мелена плазма
промешајте

Во соединетата смеса додајте 100 г кокос (доколку не го сакате, изоставете го и само зголемете ја количината на кексите за 100 г. Промешајте. Потоа додајте 400 г мелена плазма. промешајте добро за да се изедначи смесата. На крај додајте 400 г смрзнати малини или друго овошје по ваша желба.

додајте 400 г смрзнати малини или друго овошје по ваша желба
промешајте
претурете ја во калап со обрач од 24 см

Промешајте ја смесата со лажица за да се изедначат состојките, а потоа претурете ја во калап со обрач од 24 см. Ако немате калап со обрач, тогаш смесата ставете ја во кутија за сладолед или некое тенџере кое претходно сте го обложиле со проѕирна фолија (за да можете полесно да ја извадите тортата).

покријте ја со фолија и оставете ја во фрижидер да се олади и стегне неколку часови, или ако ви се брза ставете ја еден час во замрзнувач
декорирајте со шлаг
одозгора наросете кокос

Смесата рамномерно распоредете ја внимавајќи да не ви останат празнини, па одозгора покријте ја со фолија и оставете ја во фрижидер да се олади и стегне неколку часови, или ако ви се брза ставете ја еден час во замрзнувач. Потоа извадете ја и декорирајте ја со шлаг.

За да ја покриете цела торта ќе ви бидат потребни три кесички шлаг

Шлагот изматете го со млеко или газирана вода според упатството на амбалажата. За да ја покриете цела торта ќе ви бидат потребни три кесички шлаг. Одозгора наросете со кокос за да добиете снежен ефект. Сечете, послужете и сладете се. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ Сладолед торта: Освежување за летните денови – брзо е готова а многу вкусна. Ќе се изненадите од овој лесен вкус во кој се ужива.

Потребни состојки: 500 мл слатка павлака, 500 мл кисела павлака, 150 г шеќер, 160 г чоколадо, 10 издробени или мелени бисвити, малку дробени лешници, бадеми, ореви

Постапка: изматете го шлагот, додајте кисела павлака и шеќер, па добро измиксајте. Растопете го чоколадото на пареа. Во еден сад ставете 1/3 од кремот, наросете третина од мелените бисквити, лешници, ореви и бадеми.

Можете да користите само еден вид јаткасти плодови или комбинација од нив. Додајте и половина од растопеното чоколадо. Повторно ставете смеса од шлаг и павлака, па повторете ја постапката со бисквити, лешници и чоколадо. Ставете ја преостанатата смеса од шлаг и павлака.

Оставете преку ноќ добро да замрзне. Пред послужување извадете ја 15-тина минути, полесно да се сече. Послужете со чокладен прелив, овошен прелив или нешто по ваш вкус.