За многумина можеби ќе звучи чудно и апсурдно користењето на прашокот за печиво во вашата градина или вашите цвеќиња.

Но, според сведоштвата на бројни корисници, овој прашок има чудотворно дејство кога станува збор за растенијата.

Ова всушност е една многу интересна и корисна информација, особено за сите љубители на цвеќето и градинарските култури.

Еве што е потребно да направите:

Доколку имате проблем со габички, измешајте малку прашок за печиво со вода и со растворот испрскајте ги билките. За многу кратко време ќе исчезнат габичките.

Црви во зелката: Едноставно измешајте прашок за печиво и брашно, па таа мешавина поросете ја врз зелката. Црвите веднаш ќе исчезнат.

Истата мешавина можете да ја искористите и врз голите полжави.

Кога ставате цвеќе во саксија, најпрво дното наросете го со прашок за печиво, а потоа додадете земја. Цвеќето ќе се препороди и подолго ќе трае.

Доколку ве мачат мравки, едноставно наросете прашок за печиво околу мравјалникот и засекогаш ќе се ослободите од мравките.