Едно МАКЕДОНСКО СОНЦЕ денес на нашата трпеза – За мерак, сеченица мека како памук

Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева. Да се засладиме и да го пробаме овој стар македоснки специјалитет. Рецептот беше објавен во групата НМД рецепти од нашата драга Данче Стојева, која нè потсети на овој стар рецепт за традиционалниот македонски специјалитет.

-Кратовски попарник на мој начин (некои го викаат сеченица или боденик). Традиционален македонски специјалитет, останат во наследство од мајка ми.

Потребни состојки: 500 г брашно, 1 лажичка сол, ½ коцка квасец, ½ лажичка шеќер, малку масло (околу 50 мл), вода по потреба (околу 200 мл). За фил: урда и пропржен праз (посебно) и маргарин/путер/масло за намастување и за редење врз корите.

Постапка: Најпрво се активира квасецот во малку млака вода, со шеќер и малку брашно. Се промешува за да се раствори квасецот и се остава 10-тина минути на топло за да се активира и запени.

Потоа од сите наведени состојки се замесува средно меко тесто и се остава на топло на стасува додека да се удвои.

Откако ќе стаса тестото се дели на 7 топчиња кои се размесуваат и се оставаат малку да одморат.

Потоа секоја кора се развлекува според големината на тепсијата. Првата кора ја ставаме во намастена тепсија со маргарин. Врз неа редиме фил од урда и мали парченца маргарин на неколку места (или ја напрскуваме со масло).

Потоа ја ставаме втората кора, па повторно редиме фил од праз, па трета кора и фил од урда и така редиме до крај. Секоја кора малку се намастува со маргарин или масло.

Кога ќе се стави последната кора погачата се сече и повторно се остава да стасува. Најпосле се пече 45 минути во загреана рерна на 180 степени. Печената пита се полева со едно мало филџанче вода помешано со малку масло. Се остава да впие во исклучена рерна, па се вади и покрива со една најлон кеса и пешкир за да омекне додека се лади.

Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева.

Претходна статијаЈапонците живеат така долго поради овој славен лекар: Пред својата смрт им открил 10 златни правила
Следна статијаЗа две минути исчистете ги и испразнете ги цревата: Изедете лажица од оваа смеса, ќе се препородите