За два дена ја убива болката во колено, коските и мускулите

Чили пиперката или лутата пиперка во комбинација со маслиново масло е многу моќен природен лек против болки во коски, зглобови и мускули кој се користи во период од два дена.

Чилито е богато со капсаицин, многу корисна состојка која се наоѓа во состав на бројни фармацевтски производи, а има својство да ги олеснува и да ги блокира болките во телото.

Маслото од чили се користи кај ревматски болки, невралгии, артритис, болки во вратот, лумбаго и други состојби.

Потребни состојки:

100 мл маслиново масло
2 чајни лажички мелено чили

Постапка:

Во стаклена тегла ставете 100 мл маслиново масло и додадете две чајни лажички мелено чили. Добро промешајте за да се изедначат состојките.

Теглата добро затворете ја со метален капак, па ставете ја во тенџере во кое врие вода. Водата не треба многу силно да врие. На овој начин индиректно ќе се загрее маслото и ќе го извлече капсаицонот од чили пиперката.

Потоа оставете да отстои 2-3 седмици на топло место со повремено протресување. После овој период процедете ја содржината во сад со темно стакло и вашето лековито масло можете да го користите.

Употреба: Користете го за мачкање на болните места два до трипати дневно. Маслото од чили се мачка во период од два дена, а потоа се прави пауза од две седмици.

Маслото е силно, предизвикува силна микроциркулација и забрзување на локалниот метаболизам и може да предизвика иритација на кожата, па затоа се препорачува пауза после континуирано користење од два дена. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...