Се прават едноставно и брзо, без јајца и млеко, што значи рокот на траење на овие колачи е многу долг

Ова е традиционален рецепт за колачи кои се нарекуваат “Босански локум”.

Тестото е слично како она за ванилици, па доколку сте ги правеле, веќе знаете како отприлика треба да биде тестото. Колку подолго стојат, толку се повкусни.

Потребни состојки:

220 г путер
1,5 филџан за кафе шеќер
1,5 филџан масло
брашно по потреба
шеќер + ванилин шеќер за валкање

Постапка:

Во подлабок сад ставете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па додадете го шеќерот. Добро измиксајте со миксер, па додадете го маслото. Соединете и започнете постепено да го додавате брашното. Кога смесата малку ќе згусне, продолжете да го обликувате тестото со раце.

Тестото не смее да биде ниту премногу тврдо, ниту премногу меко. Кога е готово, обликувајте го во топка и започнете да ги обликувате локумите.

Кинете од тестото и обликувајте ги локумите еден по еден. Редете ги во плех, а потоа со остар нож засечете ги на средината. Од наведената смеса излегуваат најмалку 25 локуми.

Печете ги во загреана рерна на умерен оган. Јас ги печам на 220 степени првите 4-5 минути, а потоа намалувам на 200 степени, па потоа на 150 степени ги печам уште 15-тина минути.

Печените локуми оставете ги малку да изладат. Кога се млаки валкајте ги во шеќер помешан со ванила, а по желба може да се користи шеќер во прав или кокос.

Напомена: Ова е рецепт како јас ги правам локумите. Во оригиналниот рецепт пишува: 250 г маргарин, 250 г путер, 1,5 филџан шеќер во прав, 1,5 филџан масло и брашно по потреба и плус шеќер во прав за валкање после печењето.

Coolinarika.com

Претходна статијаСупер вкусни и евтини домашни крофни – шупливи и меки како памук – се меша со лажица
Следна статијаЗа два дена ја убива болката во колено, коските и мускулите