Панкреасот е најважниот орган за кој повеќето од нас знаат малку. Но, добро им е познат на оние кои боледуваат од панкреатит. Кога ќе започнат болките и грчевите, не принудуваат да оставиме сè и да трчаме во аптека.

Сепак, постои друго решение. Во случај на проблеми со панкреасот, принудени сме да го тру-еме со  таблети, во надеж за брзо закрепнување, но во реалноста само ја влошуваме ситуацијата.

Нашите предци се потпирале на природните третмани за лекување на панкреасот, без употреба на хемиски лекови. Да, можеби во тоа време немало софистицирани лекови како сега, но проблемот со неквалитетна и тешка храна отсекогаш постоел.

Народен третман за лекување на панкреасот

Болестите на црниот дроб и панкреасот денес не се невообичаени. Најлошото е што ваквите проблеми се среќаваат не само кај постарите лица, туку и кај младите. Не е изненадување што денес во секоја аптека се продаваат лекови за третман на панкреас.

Но, колку се безбедни овие лекови? На крајот, никој не е имун на несакани ефекти. Но, народните лекови можат да бидат полековити од кој било друг лек. И ефектот на лекување често ги надминува сите очекувања.

Можете да го излекувате панкреасот со чај од билки за само 2 недели. Едноставно истурете 1 лажица камилица и смил во сад, прелијте со чаша врела вода (200 мл) и оставете да отстои поклопено половина час. Билките можете да ги набавите од Билна аптека.

Потоа процедете ја тинктурата и консумирајте половина чаша 30 минути пред главните оброци двапати на ден. Исто така постои и лек за панкреас за љубителите на леќата. Едноставно сомелете ја леќата во брашно и прелијте врз неа чаша кефир. Оставете ја преку ноќ смесата да се соедини, а наутро појадувајте.

Млечните производи за панкреасот се вистинско спасение. Исечете јаглика во сад и прелијте ја со варено млеко. Гответе на тивок оган неколку минути, но не дозволувајте млекото да зоврие. Консумирајте 2 лажици од смесата на секој час во текот на денот.

Инфузијата со ловоров лист исто така се смета дека е лековита за болниот панкреас. Само земете 10 ловорови лисја, исплакнете ги, ставете ги во сад и истурете 3 чаши врела вода врз нив. Поклопете и оставете чајот да се готви еден ден на ниска температура. Консумирајте 50 мл од тинктурата половина час пред оброк.

И, конечно, ви го претставуваме највкусниот и најефективниот начин за ревитализација на панкреасот со помош на тиква и просо. Рецепт на Зорица Алексиќ Николиќ.

Потребни состојки: 200 г просо, 300 г излупена тиква, 2 литри вода, 1 лажица путер.

Постапка: Ставете ја водата во сад и оставете да зоврие, а потоа додајте го измиеното просо во неа и варете додека да омекне. Изрендајте ја тиквата и додајте ја во кашата и варете додека да добиете смеса густа како пире.

Измешајте ја готовата каша со путерот. Консумирајте го ова лековито јадење за вечера. Позитивниот ефект се забележува по неколку дена. Обновувањето на панкреасот е важна работа што не толерира одложување. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска