Хемороидите се вообичаено предизвикани од: зголемениот притисок на дигестивниот систем, бременост, преголема телесна тежина или поголеми напрегања при празнење на дебелото црево.

По педесеттата година од животот, хемороидите можат да станат контиунуиран проблем. Во тој период од животот дури половина од населението веќе ги има искусено типичните симптоми на хемороидите, вклучително ректална болка, чешање, кр-вавење, па дури во краен случај и пролапс на хемороидите.

Иако многу ретко хемороидите се сериозно опасни, проблемите со нив можат да се повторуваат и да бидат доста болни, со што сериозно се нарушува квалитетот на живот.

Секој од нас има хемороиди или кр-вни садови кои се групирани во форма на перничиња и лежат веднаш под мукозната мембранска подлога, најдолниот дел од ректумот. Всушност, онаа состојба која ја нарекуваме „хемороиди” се развива кога овие групирани кр-вни садови ќе отечат или ќе се деформираат.

Постојат внатрешни хемороиди кои се појавуваат во долниот дел од ректумот и надворешни хемороиди кои се развиваат под кожата, околу ану-сот. Надворешните хемороиди се најнепријатни, затоа што лежат на кожата и ја прават раздразнета, па дури можат и да го уништат поголемиот дел од кожниот епидермис.

Ако во надворешниот хемороид се создаде згрутчување на кр-вта, предизвиканата болка може да биде остра и тешка. При ваквата состојба може да забележите мало грутче околу анусот. Кога ова грутче ќе исчезне, најчесто се појавуваат симптоми на иритации и чешања на местото на кое оставиле трага.

Внатрешните хемороиди типично поминуваат без болка, дури и кога предизвикуваат кр-вавење. При нивното нараснување или ширење, можат да „соберат” и мал дел од мукозната течност, па и мали честици од изметот. Ова може да предизвика силни иритации, а дополнително силното чешање кое е можно да биде предизвикано, може да го влоши проблемот.

Најчесто хемороидите се предизвикани од хронична констипација или запек и она што е поврзано со ваквата состојба: големи напрегања при празнење на цревата и предолго седење во тоалет.

И двете причини се поврзани со нарушениот проток на к-рв кон и од крајниот дел од дигестивниот тракт, каде што и се наоѓаат хемороидите. Во текот на бременоста, исто така, притисокот кој го прави матката на дигестивниот тракт, може да предизвика отекување на хемороидите, од истите наведени причини.

Драматично олеснување на симптомите предизивкани од хемороидите може да се постигне со едноставно, домашно лекување, според следните неколку совети, препорачани од доктори кои се занимавале со оваа проблематика долги години:

Зголемете го внесот на растителни влака и течности во исхраната

Заедно со соодветното внесување на течности растителните влакна придонесуваат за помека столица, што го прави нејзиниот пат низ ана-л-ниот канал значително олеснет, редуцирајќи го притоа притисокот на хемороидите.

Во храна богата со растителни влакна спаѓаат свежата, полнозрнестата храна, мешунките итн. фибер (диетални влакна) суплементите исто така, докажано го намалуваат хемороидалното кр-вавење, воспаленијата и зголемувањето на хемороидите. Исто така, тие можат да ја намалат иритацијата.

Сепак, немојте да претерувате и со растителните влакна, бидејќи кај одредени луѓе предизвикуваат и гасови. Затоа почнете со помали количества, околу 25-30 г влакна дневно. Потоа, постепено зголемувајте ја количината. Исто така, зголемете го внесот на течности.

Бидете физички активни

Дури и умерената физичка активност, како што е шетањето 20-30 минути секој ден, може да стимулира подобра дигестивна активност.

Не ја одложувајте потребата за тоалет

Ова е многу значајно, особено при хемороиди. Кога имате ургентна потреба за тоалет, не ја одложувајте, одете веднаш во тоалет. Доколку одложувате, притисокот на цревата се зголемува, а со тоа се отежнува и циркулацијата на кр-вта во хемороидите, што може да биде ризик фактор за нивно зголемување.

Кревањето на нозете може да помогне

Поткревањето на нозете на ниско столче додека сте во тоалет може да биде од голема помош. Тоа ја менува позицијата на ректумот на начин кој овозможува полесно празнење на цревата.

Спасете се од хемороидите еднаш засекогаш со рецептот на Ирена Радевска!
Овој рецепт за читателите на НМД ни го испрати нашата читателка Ирена Радевска.

Таа вели дека рецептот е испробан и им помогнал на многумина. Подобрување има за 3-4 дена, а кај надворешните хемороиди и целосно повлекување.

Потребни состојки: 50 г ајдучка трева, 50 г коњско опавче, 50 г овчарска торбичка, 50 г невен, 50 г крушина.

Постапка: По 50 грама суви билки, ако користите свежи билки дозата се удвојува.  Сите билки се ставаат во хартиена кеса и се мешаат со дрвена лажица за да добиете изедначена мешавина.

Две супени лажици од мешавината се преливаат со 700 мл вода и се варат 20 минути на умерен оган. Потоа чајот се процедува и се дели на 3 дела, во три шолји, кои се пијат 30 минути пред јадење, трипати на ден. Една шолја пред појадок, втората пред ручек, а третата пред вечера или два часа пред спиење. Терапијата трае 5 до 7 дена. Вреди да се проба!

Рецепт на Мара Јанковиќ: Ослободете се од хемороидите на природен начин

Ако страдате од хемороиди, природните лекови и третмани што можете да ги подготвите дома дефинитивно ќе ви помогнат да ги излекувате хемороидите. Тие не се комплицирани и во голема мера ќе помогнат да се ослободат иритациите и иритираниот анален отвор.

Студените облоги ќе го олеснат чешањето на хемороидите

Студените облоги ќе помогнат да се намали големината на хемороидите што ќе ја намали болката и ќе го олесни чешањето. Завиткајте малку мраз во чиста крпа и нанесете го компресот директно на потечената област. Повторете ја постапката неколку пати на ден, а ладните облоги ќе ги стеснат кр-вните садови и ќе ги намалат хемороидите.

Јаболков оцет за внатрешни и надворешни хемороиди

Јаболков оцет е еден од најпопуларните третмани против хемороиди. За надворешни хемороиди, натопете памук во јаболков оцет и нанесете го директно на хемороидите. Може да почувствувате мало чувство на пецкање по некое време, но ова веднаш ќе ги намали чешањето и болката. За внатрешни хемороиди, пијте една лажичка јаболков оцет на ден разреден со вода.

Капењето во млака вода ја ублажува болката

Потопувањето во млака вода може да ги релаксира кр-вните садови и да ја ублажи болката и чешањето. Наполнете ја кадата со млака вода и киснете во неа секоја вечер 15-20 минути. Внимавајте, водата не смее да биде премногу топла. На самите хемороиди се ставаат ладни облози.

Маст од невен ги намалува инфекциите предизвикани од хемороиди

Невенот генерално ги намалува воспаленијата и инфекциите, па затоа се покажа како одличен во третманот на хемороиди. Може да измешате маст од невен со мед во сооднос 1:1 и да го нанесете во подебел слој директно на хемороидите.

Чувар куќа, лимон и мед – пијалак против хемороиди

Изборете се со хемороидите со овој вкусен напиток. Рецептот оди вака: еден лимон, 300 г домашни листови чувар куќа, 750 г мед.

Подготовка: За почеток, лимонот треба добро да се измие, па целиот лимон ставете го во вода да отстои еден час со една лажичка сода бикарбона, доколку не е органски. Ако лимонот е органски прескокнете го овој чекор.

По изминатото време, исплакнете го и исечете го на парчиња (заедно со кората). Во сад ставете го лимонот заедно со листовите чувар куќа и измелете ги состојките. Процедете ја смесата преку газа и додајте 750 г мед во течноста и на крај добро измешајте со дрвена лажица. Консумирајте по една лажица од смесата секое утро на празен стомак, која можете да ја чувате во фрижидер месец и половина.

Кантарионот во комбинација со маслиново масло ги олеснува симптомите на хемороиди

Потребни состојки: 4 лажици пупки од кантарион, 500 мл маслиново масло.

Постапка: Ставете четири лажици пупки од кантарион во стаклена тегла. Потоа додадете 500 мл маслиново масло и добро затворете ја теглата. Оставете ја на сонце да отстои 6-8 недели и после тоа можете да го нанесете маслото директно на хемороидите.

Горчлива сол и глицеринска маст против болни хемороиди

Ова е малку помалку познат домашен третман, но со сигурност ќе ви помогне во ублажување на непријатноста и болката предизвикани од хемороиди.

Потребни состојки: 2 лажици горчлива сол, 2 лажици глицерин. Горчливата сол се купува од било која аптека.

Постапка: Измешајте ги горчливата сол и глицеринот во сад. Нанесете ја смесата на памук и нанесете директно на болното место. Оставете ја смесата да делува на болното место 15-20 минути и повторувајте ја постапката на секои 4-6 часа додека болката да се смири.

Обичен лимон против хемороиди

Лимонот е богат со активни состојки кои спречуваат запек, ја чистат кр-вта и делуваат против инфекции предизвикани од слободните радикали. Исцедете сок од еден лимон во чаша млака вода секое утро и пијте на празен стомак. Овој пијалак има позитивен ефект врз целото тело, не само врз хемороидите.

Исто така, ако немате отворени рани, масирајте ги надворешните хемороиди со кора од лимон (внатрешна страна) и потоа намачкајте ги со гел од алое вера. Алое верата има антиинфламаторно, антисептично дејство и ќе помогне во обновување на ткивото. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска