Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Чоко плазма колач од 5 состојки за половина час е готов, без печење. Кога сте во брзање, а би сакале да изедете некој вкусен чоколаден колач, тогаш овој рецепт за десерт без печење е одличен предлог!

чоко плазма колач
чоко плазма колач

Потребни состојки: 500 мл млеко, 100 г путер или маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 250 г дробени плазма кекси, нутера и ореви.

Постапка: Во едно тенџере ставете половина литар млеко и додајте 100 г путер. Ставете го тенџерето на рингла и загревајте на умерена температура додека да се растопи путерот, а потоа додајте 200 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека и тоа да се растопи.

Во едно тенџере ставете половина литар млеко и додајте 100 г путер
Ставете го тенџерето на рингла и загревајте на умерена температура додека да се растопи путерот
потоа додајте 200 г чоколадо искршено на коцки
Мешајте додека и тоа да се растопи.
Мешајте постојано за да не ви загори

Мешајте постојано за да не ви загори, а потоа тргнете го тенџерето на страна и оставете го на жица да се подизлади 1-2 минути. Потоа во смесата додека сè уште е топла додајте 250 г мелени плазма кекси и промешајте за да се изедначат состојките, а кексите целосно да ја впијат течноста.

тргнете го тенџерето на страна
додајте 250 г мелени плазма кекси
промешајте за да се изедначат состојките
…и да добиете компактна смеса

Калап со димензии 15х20 см обложете го со проѕирна фолија (а по желба може да користите и тркалезен калап за торти). Смесата иако топла, ќе биде доволно згусната како тесто, па истресете ја во подготвениот калап и рамномерно распоредете ја преку целата површина.

Смесата изтресете ја во калап со димензии 15х20 см
убаво израмнете ја површината
оставете 30 минути во фрижидер
по изминатото време превртете го колачот
…и отстранете ја фолијата

Колачот покријте го со фолија и оставете го половина час во фрижидер убаво да се олади и стегне. По изминатото време превртете го во чинија за послужување или друга подлога и отстранете ја фолијата. Одозгора рамномерно премачкјате го целиот колач со нутела.

колачот е цврст и комапктен па може да го декорирате по желба
Во овој случај употребете нутела
премачкајте ја целата површина
…и страните
исечете го на парчиња
одозгора наросете го мелени ореви или лежници
послужете го…

Можете веднаш да го послужите. Декорирајте го со мелени / сечкани ореви и колачот е готов, можете да уживате во него. Колачот убаво се сече, па можете да го послужите како ситни коцки или штангли. Деталите од целата постапка за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

и уживајте во неговиот вкус…