За 10 дена од 6 главици лук може да добиете 60, само со вода: Овој земјоделски трик злато вреди

Младиот лук е зеленчук кој има специфичен вкус, многу е здрав и треба често да се јаде, бидејќи меѓудругото помага да го зачуваме здравјето на срцето и на целиот кардиоваскуларниот систем. Помага и за подобрување на видот, ги јакне коските, го регулира холестеролот и шеќерот во кpвта. Исто така, го подобрува и квалитетот на кожата, дава здрава и сјајна кожа.




Меѓутоа, младиот лук го нема преку целата година, освен ако не го одгледувате во домашни услови, под фолија. Исто така, пазарот е прелавен и со т.н.„кинески“ лук кој е доста покрупон од домашниот и многу полесно се лупи, но е со многу послаб квалитет и не е лековит.




Голем број луѓе се жалат на дигестивни пречки од овој лук и затоа одбегнуваат да го јадат. За разлика од овој „кинески“ лук, домашниот има неверојатно пријатен вкус и не прави тегоби на стомакот. Искусните градинари споделија со нас многу ефикасен и лесен начин, како можете сами да си одгледувате домашен, квалитетнен лук, кој секогаш ќе ви биде на дофат рака.




За домашно одгледување на млад лук секако ќе ви бидат потребни неколку главици стар лук и садови/чаши/тегли или соодветни контејнерчиња во кои ќе го „растете“ лукот овие 10 дена. За секоја главица лук потребен ви е еден ваков сад со капак.




Со помош на скалпел во секој капак треба да направите отвор со големина нешто помала од главицата лук, за да може да застане лукот, но не и да пропадне. Најдобро би било да ја обележите големината со молив пред да сечете.




Градинарите користат специјални чаши од стиропор, но може да се користат садови какви имате, а наместо капаци, би можеле да искористите алу-фолија или проѕирна-стреч фолија или нешто водоотпорно по сопствен изум. Садовите се полнат до врв со вода, бидејќи лукот треба да ја допира.




Следно што треба да направите е да ги средите главиците за полесно да изртат и од нив да порасне нова билка. Со остро ноже или скалпел внимателно засечете ги врвовите на секое чешне лук во главицата, а потоа сосем малку загребете го делот и околу местото каде некогаш бил коренот.




Бидејќи местото на некогашниот корен е исушен кај стариот лук, за да „потера“ нови коренчиња треба малку да се загребе, околу еден милиметар странично (погледни видео најдолу на линкот).




Вака приготвените главици лук поставете ги во отворите од капаците и проверете дали ја допираат водата. Ставете ги на осветлено место, па за два дена ќе пуштат коренчиња. За 5 дена веќе ќе имаат и зелен дел, но и развиена коренеста мрежа. Променета ја водата.




После десет дена од секое чешне во главицата ќе биде никната нова билка, па главиците се спремни за расадување. Одделете ја секоја билка посебно и насадете ја соодветно растојание.

Одозгора наредете сува слама која ќе обезбеди влажност, но и ќе ја ѓубри земјата. Наводнувајте редовно по потреба и после 4 месеци ќе добиете полни главици лук. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаСТАВЕТЕ МАСЛО ВО МЛЕКОТО: Брзо и многу лесно ќе го добиете највкусниот сос што го нема ниту во продавница
Следна статијаПлескавици гарнирани со рендан компир во вкусен млечен сос, заситно јадење кое му прилега на стомакот