Во неделата не можел да застане на нозе, а после лекот, во вторникот испешачел 6,5 км

Есенски мразовец (лат. Colchicum autumnale): Оваа растение со прекрасни розови цветчиња е првиот весник кој го најавува почетокот на зимата. Го нарекуваат зимска качунка или гавранова луковица.

Многу наликува на цветот на шафранот и затоа треба да се внимава, бидејќи оваа билка ако не се користи претпазливо, може да биде о пасна. Како и сите најлековити билки кои ги лекуваат најтеш-ките болести, така и оваа билка е многу ток-сична, но доколку точно се дозира од искусни фармацевти, тогаш може да биде спас и од з-локобни болести.

За лековити цели се користат коренот и семето. Семето се собира пред косење на тревата во мај и јуни, а се берат недозреани чаури штом започнат да жолтеат. Пред употреба се сушат, а потоа се вадат семките и дополните се досушуваат.

Коренот се вади наесен кога билката ќе процвета. Коренот главно се користи во свежа состојба, во фармацевтска индустрија за екстракција на активните состојки.

ЛЕК ЗА СИТЕ ТУМОРИ

Оваа силна билка во народната медицина се користи за лекување на речиси сите видови тумори, а посебно на малигните кои се во почетна фаза. Одлично се покажала во лекувањето на поедини видови леукемии, астма, ревматски болести, кај проблеми со гихт, разни воспалителни процеси во организмот, а сето тоа го постигнува со алкалоидот кој се нарекува колхицин. Кај наведените болести позитивни резултати се забележуваат само после неколку денови.

СЕ КОРИСТАТ САМО ФАРМАЦЕВТСКИ ЛЕКОВИ

Оваа билка најчесто се користи во вид на ал-кохолна тинктура во многу мали количини, бидејќи поголеми количини можат да наш-тетат. Затоа се препорачува употреба на готови фармацевтски производи од оваа билка кои се купуваат во аптека, а кои се покажале како успешни во лекувањето на овие болести. Не се препорачува самолекување!

НАПОМЕНА-СИМПТОМИ НА ТРУ-ЕЊЕ

Напомена: Мразовецот е многу ток-сична билка и затоа нејзината употреба треба да биде под надзор на искусен фитотерапевт, фармацевт или лекар кој правилно ќе го одреди третирањето на болеста со оваа билка.

Почетни симптоми за тру-ење се дијареа, пов-раќање, б олки во стомак, а со внес на нови дози дополнително се зголемува тру-ењето на организмот и да доведе до с-мрт-ен исход.

ПРВ ЗАПИС НА ПАПИРУС ЗА МРАЗОВЕЦОТ КАКО ЛЕК И МИТОТ ЗА МАДЕЈА

Мразовецот бил запишан и на папирусот Еберс каде прецизно е опишан како лек за б олни зглобови. Меѓутоа, уште одамна се внимавало на дозата. Која е разликата меѓу от-ровната и лековитата доза?

Од митовите секогаш можеме многу да дознаеме. Па така, за Мадеја е познато дека била мајстор по фармакологија и дека правела специјална маст која го штитела Јасон од оган, а со своите лекови успевала да успие и змејови.

Медеја е родена во Колхида, местото каде се вљубила во Јасон и каде подоцна страш-но ќе го прокол-не. Според Медеја и Колхида, родот на мразовецот е наречен Колхидиум. Кога неверниот Јасон заминал со љубовницата Глаус, Медеја ја от-рула со фустан натопен можеби и во самиот мразовец. Оттогаш сме свесни дека лековитоста на некоја билка диктира прецизно познавање на дозата.

ВО 6. ВЕК БИЛО ДЕТАЛНО ОПИШАНО ДЕЈСТВОТО НА МРАЗОВЕЦОТ

Освен во папирусот Еберс, уште попрецизно е опишана оваа билка од страна на лекарот и генијот Александар од Тралес во своето дело Терапеутика од 6.век. Книгата била преведена на латински јазик и била бестселер. Александар го опишал користењето на мразовецот за лекување на гихт.

При гихт доаѓа до натрупување на мокрачна киселина во облик на кристали во зглобовите и активација на имунолошкиот систем. Доаѓа до појава на воспаление кое ст-рашно многу б оли. Некои животни ја разградуваат мокрачната киселина, но ние сме го изгубиле ензимот кој ја разградува.

Многу работи сме изгубиле во текот на еволуцијата, па така и способноста да создаваме витамин Ц. Затоа уратите (мокрачната киселина) има преземено дел од неговата функција и станале антиоксиданс на нашето тело.

Мокрачната киселина многу одамна им помагала на нашите предци подобро да ја користиме фруктозата. Сепак, како што нè предупредила Медеја, симбол на терапискиот кодекс – не смее да дојде до предози-рање.

Иако гихтот е болест на нашите навики и исхрана, гихотот е болест и на генетика на протеинот кој го контролира нивото на мокрачната киселина.

ВО 2009 ГОДИНА ЗА ПРВПАТ СЕ НАПРАВЕНИ КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Од Александар од Тралес мразовецот нè води на едно патување кое завршува во САД во 2009 година. Во 1838 г. Сиднеј Смит напишал воодушевено: “Во неделата ползев, не можев да застанам на нозе, а во вторникот пропешачив 6,5 км, таква е моќта на Колхициумот”.

Осумнаесет години пред овој среќен настан, талентираните француски хемичари Пјер Џозеф Пелетие и Џозеф Кавенту успеале да ја изолираат активната состојка колхицин од мразовецот. Поради нив двајцата, ние денес ги имаме кининот и кофеинот. Како ли само сме се буделе пред нив, не ни е познато во моментов.

Воодушевувањето со мразовецот имало и своја црна, ло-ша страна. Пред стандардизирање на лековите, користењето на мразовецот можело да предизвика тешки мач-нини и с-мрт. Духот на Медеја и нејзините от-ровни фустани секогаш дем-нел над нас.

Треба да се даде прецизна делотворна доза која нема да ја премине от-ровната. Дури во 19.и 20.век хемиската аналитика ја даде оваа можност. Па така, во 2009. година американската ФДА покрена бројни клинички студии и го одобри користењето на колхицинот за лекување на гихт.

Можеби ќе ви звучи необично многу задоцнето после описот од 6.век, но било потребно да се соберат многу докази и тераписки индекс за сигурност на користењето. И така колхицинот и мразовецот си го најдоа своето место во фармацијата за призводство на лекови за теш-ки болести.

Се користи за медитеранска грозница, наследна воспалителна болест во која може да стра-даат бубрезите. Колхицинот го спречува нега-тивното дејство на болеста врз бубрезите.

Се користи и кај други воспалителни болести. Бехчетова болест во која се јавуваат воспалителни промени на ус-ните, зглобовите, по-ловите органи и очите. Колхицинот си го најде местото и во лекувањето на перикардитис (воспаление на срцевата обвивка), Свитов синдром (воспаление на кожата)… Се користи кај уште неколку воспалителни болести. Се чини дека колхицинот посебно ги сака воспалителните клетки, но зошто?

Уште во 1905 година Диксон открил дека колхицинот од мразовецот делува врз клеточната делба. Во текот на делбата хромозомите го удвојуваат бројот а потоа секоја клетка од делбата си ја добива својата половина по пат на голема структурна нишка која ја „влечат” хромозомите и која ја нарекуваме делбено вретено. За ова можеби се сеќавате од училиште.

Научната бом-ба пукнала во 1937 година кога Алберт Ф.Блејксли со своите колеги направил нешто необично – ја забрзал еволуцијата. Растителните клетки третирани со колхицин го удвоиле својот број на хромозоми.

Колхицинот ја спречил нормалната функција на делбеното вретено и на растителната клетка и останала само една опција – го удвоила бројот на хромозомите, но не се поделила.

Ова билките спонтано го правеле во текот на еволуцијата и тие се мајстори во играта со бројот на хромозоми, за разлика од нас. Во 1937 година за првпат видовме еволуциски процес под микроскоп и тоа нè научи како колхицинот делува.

Делбеното вретено се состои од протеини тубулини кои се поврзуваат во огромни структури кои ги „носат” хромозомите. Но, функцијата на тубулините е да гради молекуларен „костур” на секоја клетка. Колхицинот се врзува за тубулинот и ја спречува функцијата на имунолошките клетки.

Но, тоа не е единствениот механизам и понатамошното детализирање би било заморно – доволно е да се каже дека делува противвоспалително. Внимавајќи, секако, на дозата.

Сега наесен на полињата ќе најдете мразовци. Многумина ќе речат, „Внимавај, тоа не е шафран, ова е от-ровниот мразовец!” Можеби и подобро и така да го памтиме, бидејќи мразовецот не е за тинктури и чаеви, туку за сериозни лекови.

Многумина ќе речат дека шафраните цветаат напролет и така ги разликуваат од мразовецот. Но, постојат шафрани и кои цветаат наесен. Погледнете го бројот на прашници кој кај мразовецот е секогаш шест… / За НМД.мк подготви Ирена.

Loading...