Во текот на животот остваруваме бројни емотивни, спиритуални и лични односи, а голем број од нив се одликуваат со силна конекција која се манифестира преку чувства.

Односите со силна спиритуална конекција имаат способност да ги пренесуваат емоциите на личноста со која сте поврзани, па преку нив ќе проживеете среќа, тага, страв, бес…

Сè додека таа врска се негува, ќе добивате духовни повратни информации во вид на емоции. Оваа поврзаност некогаш станува уште посилна во моментот кога личноста мисли на вас, а еве што чувствувате во моментите кога некому силно му недостигате:

I БРАН ОД НЕОЧЕКУВАНИ ЕМОЦИИ

Ако некој мисли на нас и на некоја наша блиска личност силно и‘ недостигаме, се појавуваат неочекувани емоции, најчесто чувство на празнина и осаменост.

Иако сте добро расположени и енергични, ако одеднаш почувствувате промена на расположението и голем копнеж, можно е токму во тој миг некој да размислува за вас. Овие чувства се јавуваат како последица на енергетски вибрации кои ги испраќа личноста со која сте спиритуално поврзани.

II КОНЕКЦИЈА ПРЕКУ СОНИШТАТА

Ако многу често ја сонувате личноста која во моментов сте разделени или сте негувале врска во минатото, можно е таа личност сè уште да мисли на вас. Се верува дека поради блокирана енергија некои енергетски вибрации не можат да стигнат до вас додека сте во свесна состојба, па затоа се манифестираат во соништата.

III МАГИЧЕН СИНХРОНИЦИТЕТ

Синхроницитетот е главниот знак за спиритуална поврзаност со некого, па не се изненадувајте доколку една иста личност ненадејно ја среќавате на неочекувани места во неочекувано време.

Можно е таа личност често да мисли на вас, а со самото тоа вашите енергии неверојатно се привлекуваат. Наскоро е можно несвесно да започнете да го изговарате името на таа личност или други луѓе да почнат да ви наликуваат на неа.

Прочитајте ја и следната статија: Долгот мора да се плати: еве зошто ги сонуваме по-којните

Иако веќе не се со нас, саканите кои се по-чинати никогаш не нè напуштаат. Многу луѓе раскажуваат како ги посетуваат во нивните соништа, кои може да бидат многу реалистични и живописни. Таквите соништа се познати како „соништа на средба“.

„Мајка ми и татко ми по-чинаа пред повеќе од десет години, во период од една година. Од околу шест месеци после секоја од нивната с-мрт имав по еден живописен сон со секој од нив или со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чувството беше поинакво” – раскажува П.М.

Таквите соништа имаат вообичаена тема: по-којникот се појавува каков што бил во животот, но некако помлад и поздрав. Пренесува порака на охрабрување кон оној кој го сонува, како „Добро сум и сè уште сум со тебе”.

Пораките на по-којникот стигаат повеќе телепатски или психички, отколку изговорено со зборови. Сонот е нормален и реалистичен отколку биза-рен, какви што се вообичаено соништата.

Соништата се интензивни, како по-којникот навистина да дошол во посета, а оној кој го сонува се сеќава на сонот кога ќе се разбуди. Сонот силно влијае врз човекот, а кај некои луѓе до толку, што после сонувањето, ги менува.

После еден таков сон следува спознавање на она што е вистинско, а што е погрешно, или период на жалост или ширење на духовно просветлување.

„За традиционалните народи, кои им давале еднаква или дури поголема онтолошка тежина на соништата во споредба со вистинскиот живот, сонот за средба со по-којникот бил убедлив доказ дека постои духовниот свет и живот после с-мртта” – објаснува П.М.

Тој додава и дека денес, во модерниот свет ваквите соништа имаат значајно влијание врз ожалос-тените. Многумина признале дека токму сонот на средба со по-којникот им помогнал успешно да го пребродат процесот на тагување и да продолжат со својот живот.

Постојат низа причини, зошто по-којните се јавуваат во соништата: сакаат да побараат прошка или да решат некој проблем кој го имале во текот на животот кој останал нерешен;

Им посочуваат насоки на оние кои останале зад нив, ја нудат својата заштита или сакаат да ги пре-дупредат на нешто; сакаат да ги утешат оние кои тагуваат по нив и да им кажат дека со нив е сè во ред и дека сега се на „онаа страна”.

Имаат некоја порака за оној кој ги сонува; сакаат да им покажат на саканите дека постои живот после с-мртта; немаат мир поради некој г-рев или нерасчистен долг, па бараат помош од вас за да го најдат мирот.