Последниве неколку денови на Интернет кружи снимка од бебе кое плаче од среќа, бидејќи за првпат го слуша гласот на својата мајка.

Девојчето Чарли е родено глуво, а со брзата интервенција на нејзините родители и лекарите бил направен слушен апарат кој го промени нејзиниот живот и на целиот свет му ја покажа реакцијата од која многумина се расплакаа.

Родителите на Чарли одлучиле да го снимат моментот кога таа за првпат ќе го слушне мајчиниот глас кој и говори дека ја сака.

А на прашањето од нејзината мајка дали кога ќе порасне ќе биде емотивна исто како мајка си, бебето климнува со главата.

Сите го споделуваат ова видео на социјалните мрежи, а досега е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати.