Според новите истражувања, ако не сте се прејале, а сепак имате потешкотии со варењето на храната и стомакот ви се подува како балон, причината можеби треба да ја барате во цревните бактерии кои реагираат на глутен.

Можеби имате целијакија доколку сте нетолерантни на глутен. Глутенот е протеин кој се наоѓа во повеќето житарици (не во сите), вклучително во ‘рж, јачмен и пченица.

Доколку патите од ваков вид на интолеранција и не го поднесувате глутенот, во тој случај вашиот имунолошки систем реагира и како последица настануваат оштетувања во тенкото црево.

Болка во стомакот, подуеност, дијареа, умор…се само некои од симптомите на овој вид алергија. Но, што треба да направите за да ги спречите тегобите?

Потребно е седум денови да престането со внесување на било какви производи кои содржат глутен доколку сакате да го подобрите организмот.

Ако забележите дека вашата состојба се подобрува, тогаш продолжете со таквиот вид на исхрана и едуцирајте се за тоа кои намирници го содржат глутенот, а кои не.

Меѓутоа, доколку состојбата и натаму не се менува, тогаш треба да одите на лекар за да ја откриете причината за вашите тегоби.

Алергијата на храна може да предизвика бројни непријатности, па затоа обидете се со оваа диета, немате што да изгубите.