Без вакви проѕирни сандали не можеше да се замисли да одите на море на летување. Сите што ги имаа беа цареви во тоа време, барем така се чувствуваа…Но, дали знаете која фирма ги произведуваше?

Југопластика – југословенскиот гигант кој во тоа време имаш вработено преку 13 илјади работници, а произведуваше преку 3200 различни производи. За приходите и да не говориме…

Некогаш беше тешко да се замисли дом без некој производ од Југопластика, почнувајќи од играчки, торби, патики, спортски реквизити, летни фрижидери…

А кога станува збор за летото и времето на годишни одмори, ги памтиме патувањата на море со нашите семејства и фамилии.

Но, во подготовките и препрамењето за одење на одмор, секако спаѓаше и купувањето на гумени сандали за плажа, но не било какви сандали.

Кога и да се заминуваше на море се купуваа Југопластични гумени сандали. Најчесто еднобојни – темносини или оние со канаринец-боја.

И потоа половина ден се капеш во водата, а половина ден гледаш некој да не ти ги украде. Сите деца на плажа ги носеа, а кој ги имаше оние проѕирните, тој беше главниот.