Лесна и вкусна вечера и кога ќе излади: за фил ви се потребни јајца, младо кромитче и нешто од фрижидерот

Многу вкусно и брзо јадење, некогаш го приготвуваме и за ручек.

Потребни состојки:

250 г остро брашно
120 г путер/маргарин
2 јајца
1 прстофат сол
1,5 лажичка прашок за печиво

за фил:

3 јајца
1 китка перца од младо кромитче
150 г шунка
40 г пармезан
1 чаша кисела павлака (180 г)
3 коцкички фета сирење или по желба
малку црн пипер
3-4 кисели краставички

Постапка:

Од наведените состојки замесете ровко тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да отстои околу половина час.

Зелените листови од младите кромитчиња ситно исечкајте ги, киселите краставички и шунката исечкајте ги на ситни коцки.

Потоа додадете ја киселата павлака, јајцата, пармезаност, здробеното сирење и зачинете со црн пипер.

Тестото развлечете го и обложете го долниот дел од калапот за пити, врз тестото истресете го филот, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-45 минути, во зависност од вашата рерна.

Може да се послужи со кисело млеко, со зелена салата или со нешто по ваш вкус.

Coolinarika.com

Претходна статијаВи се дуе стомакот од било што да изедете – време е да го направите ова, а причината ќе ве остави без текст
Следна статијаКако се движат цените на кванташки пазар – 23.04.2020