Објаснување и видео: Ивана Плечингер

Овие вежби за рамења и вратен ‘рбет ми ги препорача лекар, ги пробав и морам да кажам дека се одлични! Ефикасни се и лесни, не траат долго, угодни се како масажа, а што е најважно – помагаат!

За сите нас кои предолго време поминуваме пред компјутер или мобилен телефон – тоа е чиста уживанција од чувство, како да сте биле на масажа. Па, уживајте!

Уверена сум дека овие вежби ќе ви бидат многу корисни и затоа ги споделувам со вас на мојот јутјуб канал.

Некаде на почетокот од мај месец ми се јави болка во десното раме која мигрираше долж раката. Во еден миг не можев да ги издржам болките, па отидов на преглед кај физијатар. Докторот ми рече дека проблемот најверојатно потекнува од вратниот ‘рбет и дека ова е многу честа појава.

Докторот ми рече дека единствена работа која може да помогне при еден ваков проблем, е секојдневно да се вежба, наутро и навечер, барем двапати дневно, а покрај тоа да се прават и масажи.

Вежбите е потребно да се изведуваат во легната положба на под, но бидејќи јас немам можност да ги снимам на тој начин, ќе ви ги покажам во исправена положба – вели Ивана.

Значи, првата вежба е да легнете на под и четири пати (за почеток, а потоа зголемувајте го бројот на повторувања, колку можете) да ги подигнете рацете над глава и да ги вратите покрај телото. Притоа ќе почувствувате болка и затегнување.

Потоа опфатете ги рацете за лактовите како прегратка, па додека ги движите кој една страна, главата ја вртите кон спротивната страна (погледни видео). Се повторува 4 пати на секоја страна. При изведување и на оваа вежба може да чувствувате болка, но докторот ме посоветува да не се претерува и да се изведува до граница на болка – вели Ивана.

Трета вежба се изведува (на под или во стоечка положба) со свиткани раце во лакти, со дланките свртени пред вас, спуштени паралелно со подот, па се подигаат во висина на главата (види видео).

Следната вежба ми беше најтешка: од третата вежба, се преминува на оваа, така што дланките сега се вртат една кон друга и се соединуваат додека за цело време рацете се свиткани во лактите под прав агол. Потоа се отвараат и се повторува вежбата. Остатокот од вежбите можете да го погледнете во видеото: