Оставете ги алиштата потопени преку ноќ во овој магичен раствор – ќе бидат блескаво бели

По носењето на белата облека за неколку месеци таа ја губи првобитната белина и добива некоја сивкаста, валкано-бела боја.

Поради потта и разните прашоци за перење, белита алишта многу потешко се одржуваат од останатите, особено оние кои се направени од сензитивни ткаенини кои не смеат да се вријат.

Loading...

За одржување на чистотата и белината на алиштата може да се користиме со различни скапи детергенти, но многумина од нас се алергични на хемикалиите и не ги поднесуваме добро овие препарати.

Меѓутоа постои еден едноставен трик кој одамна го користат искусните домаќинки, а тоа е употребата на аспиринот. Имено, користењето на аспиринот ја прави белата облека преубава и блескаво бела, како нова.

РЕЦЕПТ

Растворете 5 аспирин апчиња од 300 мг во 7-8 литри топла вода. Натопете ги алиштата во овој раствор и оставете ги да отстојат преку ноќ. Можете претходно да ги издробете таблетите на поситни парчиња, на тој начин побрзо ќе се растворат и поактивно ќе делуваат.

Ако вака постапите и потоа ги исперете алиштата во машина за перење алишта, ефектот ќе биде уште поголем!

Оние кои го испробаа овој трик велат дека делува подобро од сите други избелувачи, бидејќи не ја оштетува ткаенината, а притоа ја отстранува сета нечистотија.

РЕЦЕПТ ЗА ОТСТРАНУВАЧ НА ДАМКИ ОД АЛИШТА

Потребни состојки:

1 чаша превриена вода
½ чаша сода бикарбона
½ чаша хидроген 3%

Постапка:

Прелијте ја содата со зовриена вода и оставете да излади. Кога содата ќе се раствори и течноста ќе излади, додадете го хидрогенот и добро промешајте. Складирајте во шише со распрскувач.

Употреба: Испрскајте ја дамката и оставете да делува неколку часови или преку ноќ, а потоа исперете вообичаено.

Loading...