Вдовичка (старечка) грпка: Еве како за еден месец да се ослободите од неа – објаснува д-р Бубновски

Физијаторот доктор Бубновски објаснова како да се ослободите од старечката грпка за еден месец.

Старечка грпка или вдовичка грпка претставува таложење на масно ткиво на грбот, предизвикано од хормони. Започнува во текот на менопаузата. Пред тоа, под влијание на женските хормони, маста се локализира на колковите и задникот. Со опаѓање на нивото на естроген во крвта и пораст на андрогенот, мастите започнуваат да се складиштат на стомакот и во торакалниот дел од грбот.

Старечката грпка е проблем кај жените со вишко килограми во горниот дел од телото. Пости масно перниче кое го спречува протокот на крвта, а тоа доведува до спречување на церебралната циркулација. Грпката може да расте со текот на годините.

Најдолу под текстот можете да погледнете видео во кое доктор Бубновски покажува вежба која можете да ја изведувате дома, а со која ќе ја отстраните оваа грпка и тоа без операција.

Loading...

Како прво, за да ја одбегнете старечката грпка, мора да имате цврсти мускули на рамениот појас и силни зглобови. По правило, оваа грпка се создава бидејќи овој дел од телото е најслабо физички активен. Ако редовно го вежбате горниот дел од телото, ќе се ослободите од оваа масна грпка.

Физичките вежби го подобруваат вкупниот проток на крвта, микроциркулацијата и исхраната на сите ткива и органи. После секое вежбање, задолжителна е масажа која дополнително ќе ја “разбие” оваа грпка и ќе ка уништи масната капсула која се формира на ова место.

За да може со вежбање да се отстрани стречката подгрбавеност, неопходно е 3 до 6 месеци да се вежба интензивно, согласност можностите.

Значи, трпение, трпение и трпение.

Секако, препорака е да водите сметка за избалансираност на исхраната. Внесувајте протеини и јаглени хидрати (во облик на зеленчук, житарици и овошје) и пијте големи количини вода.

Жените се особено склони на старечко грбавеење, а истото се случува после 35. година.

Покрај вежбањето на грбот, рамениот појас и рацете, делотворна е масажата на вратот. Што поскори започнат жените да го масираат овој дел од телото, ќе имаат помали шанси да добијат вдовичка грпка.

Секоја жена може сама себеси да се масира, така што на прстите ќе стави малку масло (кокосово, маслиново или масло за масажа) и ќе го масира задниот дел од вратот и тилот во времетраење од 5 минути.

Како правилно се изведува самомасажата на врат и рамења?

Наведнете ја малку главата кон напред, а рацете ставете ги на рамењата. Со дланките правете спирални движења, лесно притискајќи и масирајќи го задниот дел од вратот, опфаќајќи го подрачјето на 7.вратен прешлен.

Движењата нека бидат мазни во правец на стрелките од часовникот. Траењето на самомасажата е произволно, а сè зависи од тоа колку трпение имате и сила во мускулите.

Ако го масирате овој дел неколкупати дневно, резултатите побрзо ќе бидат видливи: Ќе забележите дека само после една седмица грпката ќе стане помека, а после некое време целосно ќе исчезне.

Сетете се дека само вие сте во состојба да ја промените својата фигура кон подобро. Не си го трошете времето на неважни работи. Вежбајте, одете на масажи и правете го сето она што ќе ви помогне да се чувствувате поздраво и подобро.

Што уште може да направите за да се ослободите од оваа грпка?

Докторот препорачува себеси редовно да си правите топли бањи од сода бикарбона. Растворете 200 грама сода бикарбона во литар вода на собна температура, па тој раствор додадете го во када полна со топла вода. Ваквата бања е одлична за исфрлање на токсини од организмот, но и за слабеење.

Исто така, пред масажа ставете топли облози на грбот за да го подготвите ткивото за масажа.

Д-р Бубновски советува дека секоја жена треба да прави едноставни вежби за вратот: вртете ја главата лево-десно, горе-долу и во круг.

Заклучок: За да ја елимирате масната грпка од грбот, потребно е да ги правите следните работи:

1.Да вежбате

2.Да го масирате вратот, грбот и рамениот појас

3.Да се бањате во топли солени бањи

4.Да ставате топли облози на вратот и грбот

5.Здраво да се храните

Погледнете го видеото за да го видите изведувањето на вежбата:

Loading...