Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева. Овој прекрасен сочен колач со кокос и ореви ни го испрати нашата драга Данче Стојева во групата НМД рецепти.

Парен колач со кокос, збогатен со оревчиња од вредните раце на мојата ќерка, превкусен!

Потребни состојки: 4 јајца, 16 лажици шеќер, 16 лажици млеко, 16 лажици масло, 1 прашок за печиво, 100 г кокос, 16 лажици брашно

За шербет: 3 филџани (за кафе) шеќер, 3 филџани вода и 3 лажици какао

Постапка: јајцата пенасто се матат со шеќерот додека тој да се растопи. Потоа се додава маслото, се промешува, па се додава млекото и на крај се додаваат сувите и промешани состојки (кокос+брашно+прашок за печиво).

Добиената смеса се излева во намастен и набрашнет плех бр.30 и се пече во загреана рерна на 180 степени.

Печениот колач проверете го со чепкалка дали е готов, па извадете го да излади. Шербет: Ставете ги шеќерот и водата да зовријат, па додадете го какаото и варете 1-2 минути.

Со врелиот сируп полејте го изладениот колач. Одозгора наросете го со мелени ореви или кокос или нешто по ваша желба. Пред послужување добро изладете го колачот.

Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева