Дијабетесот е многу честа болест. За да ја спречите, потребно е да јадете здрава храна и да се ослободите од стрес и нервоза.

Ова е рецепт за третман кој трае еден месец, а кој може да помогне во спречување на дијабетес при покачено ниво на шеќер во крвта, но и регулирање на истиот кај веќе заболените пациенти.

Потребни состојки:

1 корен од рен
1 чешне лук
660 мл пиво
150 мл јаболкова киселина

Постапка:

Коренот од рен не треба да се лупи. Измијте го убаво и истријте го со сода бикарбона. Оставете го така некое време, а потоа уште еднаш исплакнете го под силен млаз ладна вода.

За да бидете сигурни дека убаво е измиен, ренот оставете го во вода во која сте додале јаболкова киселина. Нека отстои околу 15-20 минути.

Потоа ренот може ситно да го исечкате, да го сомелете или изрендате. И лукот иситнете го. Измешајте ги ренот и лукот, па ставете ги во стаклена тегла со капак и прелијте ги со пиво. Затворете ја теглата и оставете ја на темно и ладно место 10 дена.

Употреба: после 10 дена може да се користи мешавината. Се консумира по една лажичка трипати дневно, во првите два дена. Потоа може да користите по една лажица, трипати дневно. Целиот третман трае еден месец.