Стар народен македонски лек за смирување на кашлица и нервоза (рецепт)

Во денешно време кога патогените микроорганизми стануваат сè повеќе резистентни на познатите лекови, луѓето, па и самите лекари препорачуваат враќање на старите народни лекови.

Еден од таквите лекови е напитокот приготвен од карамелизиран шеќер, млеко и маст, кој може да се приготви на три начини и да му се додадат дополнителни лековити билки.

1.Шеќер, млеко и маст (свинска или гускина)

Во лимено тенџерче карамелизирајте 2 лажички шеќер, а потоа додадете млеко и мешајте додека карамелот да се растопи. Кога ќе го истурите млекото во шолја, додадете и една лажичка маст (свинска или гускина) и додека е топол напитокот испијте го полека.

2.Млеко, маст и мед

Млекото се загрева до вриење, а потоа се додава маст. Кога напитокот ќе излади, се додава лажица мед и се пие пред спиење. Ако чувствувате грозница, најдобро е добро да се завиткате во ќебе и веднаш да заспиете после овој напиток.

3.Шеќер, млеко и жалфија

Шеќерот се карамелизира, а потоа се додава млеко. Додека млекото врие, во него става гранче жалфија, па по неколку минути се трга од оган, се процедува и се пие додека е топол напитокот.

Дали и вие проготвувате ваков напиток? Вашиот рецепт напишете го во коментар, можеби некому ќе помогнете.

Претходна статијаЗебра посен колач готов за 20 минути, едноставен, брз и превкусен, само мешате и печете
Следна статијаУспешно го спушта нивото на шеќер во крвта и спречува дијабетес – третман од 1 месец