Слободан Бркиќ од Рогатица со помош на некои измени во животот успеал да се спаси од многу тешка болест.

Тој со својата упорност и голема желба за себеизлекување, спасот го побарал во природата и нејзините законитости, па успеал да ја победи Кроновата болест која го напаѓа дигестивниот тракт, го доведува организмот до тотална исцрпеност и пад на имунитетот, а некогаш завршува фатално.

-Оваа болест која го напаѓа целиот дигестивен тракт, ми беше дијагностицирана во мај 2015 година и оттогаш започна мојата борба за живот. Причинителот за болеста сè уште е непознат, а поради постојаното исцрпување на организмот и падот на имунитетот, исходот може да биде кобен.

Првите симптоми ми беа нагло слабеење, неуредна столица, појава на кандида, бактерија, хемороиди. Отидов на лекар, каде по направените испитувања ми беше утврдена Кронова болест.

Покрај стандардните лекови, докторите ми предложија и биолошка терапија за која ќе мораше да платам 10.000 евра, кои едноставно ги немав. Тие истакнаа дека терапијата не гарантира 100% излекување – раскажува Бркиќ.

Кроновата болест покрај другото, внесува нервоза и неизвесност кај пациентот, што се пренесува и врз семејството и околината.

-Првото чувство кога ќе дознаете дека сте болен од некоја тешка болест, може да се опише како страв и немоќ. Паниката подоцна го обзема и целото семејство, чии животи од корен се менуваат – вели Слободан и продолжува:

-Ја одбив биолошката терапија, поради неизвесниот исход и поради тоа што не можев да соберам толку пари. Се свртев кон народната медицина.

Се одреков од повеќето препишани лекови и со помош на некои чаеви и други препарати од билки, ја изменив исхраната.

Користев тинктури од пелин, црн орев и каранфилче, зеолит, семе од тиква… Се одреков од варено, пржено и суво месо, премногу зачинета и лута храна и сè што е масно и термички обработено – раскажува Бркиќ.

Со текот на времето ја напуштив и другата храна од животинско потекло и преминав на сирово овошје, зеленчук и житарици.

-Најмногу консумирав житарици, зеленчук, овошје, јаткасти плодови и тиква, и сфатив дека сум на добар пат конечно да оздравам – вели Бркиќ.

Со таква исхрана, убеден дека не е сè изгубено, се појави проблем како го стопирам слабеењето, бидејќи од 80 кг дојдов на 58 килограми.

-После две години таква исхрана, се чувствував целосно здраво. Тогаш во својата исхрана воведов околу 30% варена храна. Многу ретко консумирам сирење и домашно кисело млеко, а месо исклучително само на некоја прослава.

Се надевам дека за мене Кроновата болест е само грдо минато и дека ја победив еднаш засекогаш! – вели Слободан и додава дека благодарение на оваа исхрана е полн со енергија и дека од 58 кг повторно се вратил на 80 кг, со секојдневна, па дури и физички тешка работа.

-Пред извесно време ја оперирав Ахиловата тетива и сите наоди беа уредни. Дури и раната ми зарасна побрзо. Јас сум пример дека не постои неизлечива болест и дека за секоја болест си има некоја лековита билка. Само треба човек да биде упорен и ќе ја најде.