Фото и рецепт: Бадрубулдура. Овие тулумби се специјалитет на тетка ми и можам да ви кажам дека не само што добро изгледаат туку и многу се вкусни!

Потребни состојки: 500 г брашно, 400 мл вода, 150 мл масло, 5 јајца, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол и масло за пржење. За шербет: 1 литар вода, 600 г шеќер и ½ лимон

Постапка: На оган ставете да зоврие водата со масло, шеќер и сол. Кога ќе зоврие, исклучете го огнот, па додадете брашно и мешајте за да се згусне смесата. Оставете ја смесата да се олади.

Кога смесата добро ќе излади, ставајте едно по едно јајце и месете добро да се изедначи тестото. Значи не смее да има траг од јајцата. Мојот сопруг ми вели дека смесата се лепи за раце и дека најдобро е тестото да се меси со раце, и тоа колку подолго толку подобра ќе излезе смесата.

Откако ќе завршите со месењето на смесата, ставете ја во калап за тулумби и правете ги саканите облици, поголеми или помали и сечете ги веднаш врз не толку врело масло. Температурата не смее да биде многу силна. Пржете ги неколку минути да добијат убава жолтозлатна боја. Внимавајте да не ви изгорат.

Направете шербет така што ќе ставете вода, шеќер и лимон да се вари, се додека шеќерот да се растопи и свари. Шербетот е готов кога полека тече од лажицата.

Оставете го шербетот да се олади. Врелите тулумби, директно од тава ставајте ги во изладениот шербет. Оставете ги неколку минути да впијат од шербетот, а потоа вадете ги и иставајте ги во посебен сад.

Напомена: Тулумбите треба да бидат тврди однадвор, а малку шупливи одвнатре. И уште нешто, во овој рецепт не се става прашок за печиво.

Coolinarika.com