Цепкани пиперки: Стар добар рецепт – задолжителна зимница, вкусно, обилно, секогаш на трпезата…

Оној кој еднаш ќе го проба ова јадење, ќе го прави секоја година: Цепкана пиперка. Стар добар рецепт, задолжителен дел од зимницата, обемно и превкусно…

Потребни состојки:

20 кг црвени пиперки
500 кг лути црвени пиперки
1 ½ чаша масло
сол по вкус
1 рамна лажица есенција

Постапка:

Loading...

1.Пиперките убаво измијте ги и избришете ги со кујнска крпа. Испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семето. Оставете ги да се цедат до следниот ден.

2.Исцедените пиперки кинете ги надолжно на тенки ленти. Можете и да ги сечете со остар нож на даска, како ви е полесно, но “Цепканите” пиперки треба да се цепкаат…

3.Во поголемо тенџере на оган ставете масло да се загрее (не мора целото одеднаш, остатокот ќе го додадете после), па додадете ги пиперките и намалете го огнот на умерено. Пржете ги пиперките со постојано мешање околу еден час, додека да испари течноста. На половина од готвењето ставете сол по вкус, а пред самиот крај есенција.

4.Теглите загрејте ги, па полнете ги со цепканите пиперки. Затворете добро и превртувајте ги теглите. Оставете така да изладат.

5.Од оваа количина пиперки секогаш ми излегуваат 9 тегли од по 1 кг.

РЕЦЕПТ ЗА ПОМАЛА ДОЗА СО МАЛИ ИЗМЕНИ

Потребни состојки:

5 кг црвени пиперки
сол по вкус
1 кафена лажичка шеќер
1 поголема китка свеж магдонос
2-3 главици лук
250 мл масло

Постапка:

Пиперките измијте ги, испечете ги, излупете ги и отстранете им ги семките. Оставете ги да се исцедат, најдобро преку ноќ.

Исечете ги на ленти со дебелина од еден прст. Во тенџере ставете малку масло, па кога ќе се загрее додадете ги пиперките. Додадете го преостанатото масло. Гответе додека течноста да испари. Посолете по вкус.

Потоа додадете шеќер, ситно сечкан магдонос и лук, па кратко гответе и промешајте. Стаклените тегли загрејте ги во рерна на 100 степени, па топлите пиперки полнете ги во топли тегли. Затворете со топол капак. Теглите завиткајте ги и оставете ги така да изладат.

Coolinarika.com

Loading...