Фотографија и рецепт на Аделка Милиќ. Многу вкусно и едноставно за приготвување, ќе го правите често откако еднаш ќе го пробате.
Потребни состојки: 800 г брашно, 2 кесички сув квасец, 1 мала лажичка прашок за печиво, 2 лажички сол, 1 лажица шеќер, 100 мл масло и 500 мл топло млеко
Постапка: во 200 мл млако млеко додајте една лажица шеќер, малку брашно и квасците. Промешајте убаво да добиете ретко тесто, па оставете да се активира (Овој чекор можете и да го прескокнете, па сите состојки одеднаш да ги помешете и да замесете тесто).
Во остатокот од брашното, додајте лажиче прашок за печиво, сол, масло, активираниот квасец и со преостанатото млако млеко замесете убаво тесто. Оставете го на топло додека да стаса и да се удвои.
Потоа тестото поделете го на 4 делови, секој формирајте го во топче и развлечете го во кора со правоаголна форма со дебелина од 3-4 мм.
Кората премачкајте ја со растопен путер, свиткајте во ролат. Вака приготвените ролати редете ги во тепсија обложена со хартија.
Ролатот исечете го на триаголниците (види фото) со остар нож, и оставете ги 10-тина минути да одморат. Одозгора премачкајте ги со путер и лажица павлака, а може да наросите и семки по желба. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час или додека да добијат убава боја.
Фотографија и рецепт на Аделка Милиќ