Триаголници со вкус на портокал, без печење и без миксер…едноставно совршени! Можете да ги приготвувате за секој ден или пак за слава и друга свечена пригода. Еве што ви е потребно според рецептот на Мирјана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г шеќер
вода, само да го покрие шеќерот (околу 100 мл)
150 г мелени ореви
150 г желе бонбони (сечкани)
50 г бадеми (исечкани во листови)
1 портокал (кора и малку сок)
50 грама стопено чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Направете сируп од шеќер, како за слатко (да има многу меурчиња кога ќе врие), па тргнете го тенџерето од оган и додајте го чоколадото искршено на коцки.

2.Брзо мешајте за да се растопи, па вратете го на шпорет и додајте ги сите други состојки. Обложете го калапот (за тоблероне) со проѕирната (а можете да обликувате и во вид на салама).

3.Наполнете го со приготвената смеса, убаво натапкате насекаде за да се распореди рамномерно и оставете да отстои неколку часа на ладно, за да се стврдне.

4.Со загреан и остар нож сечете триаголници со широчина од 1.5-2 см или по желба и послужете.. Ако смесата е премногу густа, додајте уште малку сок од портокал или ако е ретка, додајте повеќе ореви или чоколадо (можеби какао во прав).

Чоколадна глазура

100 грама чоколадо + 2 лажици масло, ако сакате триаголниците да ги прелиете со чоколадо, добиваат уште подекоративен изглед. На здравје сладење! рецепт на Маријанина кујна.