ЛЕТНА ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ – 3 СЛОЈА…Освежителна, лесна, лапни-голтни…Се топи во уста
Оваа торта е лесна и освежителна како сладолед, а толку едноставна за приготвување што и дете може да ја приготви. Одлична за родендени секаква свечена пригода, а можете да ја правите и на дневна основа.
Основата се дели на два или три дела и во секој дел се додаваат различни овошни или чоколадни вкусови, така што секојпат може да ја правите различна.
Оваа лесна и освежителна торта овојпат ќе ја правиме со јагоди, нутела и плазма, која се приготвува за само неколку минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
130 г плазма кекси + малку млеко за натопување,
500 мл шлаг крем (слатка павлака),
180 г кисела павлака,
10 г ванилин шеќер,
30-100 г шеќер во прав, по вкус,
300 г јагоди (или малини, боровинки…),
2-4 лажици нутела, по вкус и
2 лажички какао.
За декорација:
3 јагоди,
мелена плазма
(калап 24 см)
ПОСТАПКА:
1.Најпрво јагодите измијте ги под млаз ладна вода, исчистете ги од петелките и ситно исечкајте ги. Тргнете настрана неколку јагоди за декорација.
2.Половина литар слатка павлака изматете со миксер додека да добиете цврст шлаг. Внимавајте да не претерате со матење, зошто ќе се појават грутчиња путер.
Во шлагот додајте шеќер во прав и ванилин шеќер, па продолжете уште малку со матење додека да се изедначи.
3.Потоа додајте 180 г кисела павлака и изматете уште една минута до соединување.
4.Од добиениот крем тргнете на страна 4 полни супени лажици (за трет слој на тортата), а остатокот поделете го на два еднакви дела.
5.Во едниот дел додајте ги сечканите јагоди и изматете со миксер за да добиете изедначена смеса.
6.Во вториот дел додајте 2-3 лажици нутела, измиксајте, па додајте уште 2 лажички какао во прав за да се засили вкусот (може и чоколадо во прав, по вкус). Изматете уште неколку секунди. За основа:
7.Плазма кекси кратко натопувајте ги во млеко, па редете ги на дното од калап со пречник 24 см.
8.Одозгора нанесете го филот со нутела и рамномерно распоредете и израмнете. Врз овој фил нанесете го филот со јагоди, па рамномерно распоредете и израмнете.
9. Одозгора нанесете го шлагот (4 лажици) кој претходно го одвоивте на страна. Израмнете и декорирајте по вкус.
Пред послужување најдобро е тортата добро да ја изладите во фрижидер, најмалку 3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.