Побрза торта од оваа а толку многу вкусна, нема! Можете да ја приготвувате за секој ден, а можете со неа да пречекате и гости, ќе бидат воодушевени! Ова е една од оние торти со кои не можете да се задржите на едно парче..

Потребни состојки: 400 г шлаг крем од ванила, 400 мл млеко, 8 лажици шеќер, 400 г искшени биксвити, 400 мл кисела павлака, 15 – 20 крем бананчиња, 200-300 г шлаг за украсување

Постапка: Шлаг кремот изматете го со млекото, па во него додадете 8 лажици шеќер.

Во изматениот шлаг додадете кисела павлака, искршени бисквити и сечкани крем бананчиња, па сето тоа се меша со лажица.

Не користете миксер. Целата смеса истурете ја врз чинија за сервирање и обликувајте ја тортата со раце. Ставете во фрижидер, па кога малку ќе се стегне украсете ја со шлаг.

По желба можете да додадете смрзнато овошје или сечкани банани, рендано чоколадо…. по вкус.

Втора варијанта: 1 пакување петит бисквити, 25 чоколадни бананчиња, 200 мл кисела павлака, 200 мл слатка павлака, 200 г шеќер во прав и шлаг за украсување

Постапка: Во поголем сад со миксер изматете ја слатката павлака, па додадете ја киселата павлака и шеќерот со прав, па убаво изедначете. Во смесата додадете кршени бисквити, пото исечкани крем бананчиња, па рачно промешајте.

Смесата истурете ја во калап обложен со проѕирна фолија или обликувајте со рака. Ако е потребно може веднаш да се послужи и да се украси со шлаг, но најдобро е доколку имате малку време да ја изладите тортата во фрижидер.