Уште се нарекува и кафе за сиромашни или воено кафе. Кога велиме „цикорија“, најчесто мислиме на бело кафе кое се приготвува од коренот на оваа билка, а кое е одлична замена за нашето вообичаено утринско кафе или кое уште е познато и како „мешано“, а кое се додава во обичното и кое најчесто го пиеја нашите баби.

Со сушење и пржење на коренот од цикорија кој содржи инулин, интибин, овошен шеќер, растителни масти и белковини, се создаваат соединенија кои имаат карактеристичен мирис и вкус, па дури и боја слична на кафето.

Цикоријата (Cichorium intybus) е повеќегодишна билка која уште е позната и под називите водопија, коњска трева, синоока, радич и др. За нејзините лековити својства знаеле уште древните антички народи и ја применувале за лекување на жолтица, болести на црн дроб, гихт и ревматизам.

Иако цикоријата може да се јаде како салата или како додаток на повеќе јадења, таа е најпозната како напиток, поточно како замена за кафето. Уште во 19 век Французите започнале да ја одгледуваат и да ја пијат како додаток на кафето или самостојно.

Благодарение на вкусот кој е сличен на кафето и ниската цена, напитокот од оваа билка наскоро станал многу познат и популарен ширум светот.

ЛЕКОВИТО ДЕЛУВАЊЕ НА ЦИКОРИЈАТА

-ја подобрува работата на црниот дроб, жолчното кесе и бубрезите

-го јакне имунолошкиот систем

-намалува стрес и нервоза

-ја обновува крвта

-го подобрува метаболизмот

-помага во борбата против кандида

-намалува и ублажува болки

-ја подобрува работата на желудочните и дигестивните жлезди

-ја поттикнува дигестијата, празнењето на цревата и елиминација на цревните паразити

-регулација на холестерол и мастите во крвта

-поттикнува детоксикација на организмот

-помага при дијабетес

-ублажува егземи

-помагха при гихт и реума

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА КАФЕТО ОД ЦИКОРИЈА

Се приготвува многу слично на обичното кафе. Најдобро е само да го наберете коренот, да го исушите, сомелете, а потоа се искористува како кафе.

На една шолја вода (250-300 мл) оди една лажичка цикорија.

Цикоријата веднаш ја ставате во ладна вода, а откако ќе зоврие водата, ја оставате на рингла уште неколку минути. Почекајте талогот да се сталожи, а потоа по желба може да додадете цимет, мед, сируп од агаве или јаворов сируп.

По старите обичаи, цикоријата се варела со мелени желади, јачмен или ориз.

БЕРБА И ОДГЛЕДУВАЊЕ

Цикоријата расте речиси низ цела Европа и тоа на необработена почва, покрај патишта, огради, на ливади и шуми. Има исправено стебленце, двенесто и разгрането во долниот дел. Може да досегне висина до еден метар. Листовите со долгнавести и наликуваат на листовите од глуварчето. Има светло сини цветови.

Обично се користат листовите и коренот. Листовите се берат во пролет пред цветање и се јадат варени како прилог или во салата. Коренот се вади во пролет или есен, потоа се суши и се меле за кафе.

Што се однесува до самата постапка на сушење, важно е коренот добро да се исчисти, да се исечка по должина, да се стави на конец и да се суши на ветровито место (на провев), под сенка.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

Цикоријата содржи инулин, пектини, аскорбинска киселина, белковини, јагленихидрати, горчливи соединенија како и витамини А и Ц. Од минерали содржи магнезиум, калиум, железо и манган.

Горчливите соединенија лактупикрин и лактуцин имаат аналгетско и седативно дејство. Благодарение на наведениот нутритивен состав (особено поради горчливите соединенија, инулинот и калиумот), цикоријата е многу лековита и помага при бројни болести.

ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Инулинот што се содржи во цикоријата има својство да го намалува ЛДЛ холестеролот во крвта. Со регулацијата на холестеролот се намалува ризикот од срцеви болести, висок крвен притисок, срцев и мозочен удар.

ПОМАГА ПРИ ДИГЕСТИВНИ ПРЕЧКИ

Освен што го нормализира нивото на холестерол, исклучително поволно влијае и врз дигестивниот систем. Помага при рефлукс на киселина, ждригавица, опстипација и останати дигестивни пречки. Се подобрува цревната перисталтика и излачување на желудочните сокови.

Во списанието International Journal of Food Sciences and Nutrition беше објавен податок за влијанието на цикоријата врз дигестијата. После 28 дена секојдневна консумација испитаниците потврдиле дека повеќе немаат проблем со опстипација и дека варењето на храната им е многу подобро.

ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ

Познато е дека кафето како кофеински напиток го зголемува стресот и лачењето на кортизол. Цикоријата како нејзина здрава замена, благодарение на ликтицинот делува седативно, а тоа значи дека го смирува умот и телото.

Со консумација на цикорија се намалува стресот, анксиозноста, немирот и несоницата.

ШТИТИ ОД ДЕГЕНЕРАТИВНИ БОЛЕСТИ

Цикоријата е богата со природни антиоксиданти и помага во елиминацијата на опасните слободни радикали. На тој начин штити од предвремено стареење и бројни дегенеративни болести.

НАМАЛУВА БОЛКИ ПРИ АРТРИТИС

Цикоријата одамна се применува како помош кај артритис. Нејзиното противвоспалително дејство го потврдија бројни истражувања. Оваа билка општо ја намалува болката, а особено помага кај болки во мускули и зглобови.

ПОМАГА ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ОДЛИЧНА Е ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Цикоријата содржи олигофруктоза и инулин кои учествуваат во регулацијата на хормонот кој ја регулира гладта. Со регулација и намалување на овој хормон доаѓа до намалување на чувството за глад и постојаната потреба за храна.

Благодарение на олигофруктозата и инулинот, цикоријата соаздава чувство на ситост и помага за слабеење. Бидејќи станува збор за бескофеински напиток кој содржи инулин, цикоријата е погодна за дијабетичари.

Инулинот во организмот се претвора во фруктоза и помага во регулација на нормално ниво на шеќер.