Home Рецепти Торта БАЈАДЕРА готова за само 15 минути! Вкусот никој не го оставил...

Торта БАЈАДЕРА готова за само 15 минути! Вкусот никој не го оставил рамнодушен!

Оваа торта се топи во уста, вкусот е неодолив, а толку брзо и едноставно се приготвува.

Се користи калап бр.20

Потребни состојки:

3 јајца
300 г шеќер
250 г ореви мелени
100 г лешници мелени
250 г маргарин или путер
350 г мелени бисквити
200 г чоколадо за готвење
6 лажици масло

Постапка:

Во оригиналниот рецепт се користат сирови јајца, меѓутоа од безбедносни причини, најдобро е термички да се обработат, особено доколку тортата ја приготвувате кога времето е топло или не планирате целата да се потроши истиот ден.

Прво се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот, додека тие да побелат, а шеќерот да се растопи.

Ако не ги обработувате термички јајцата, тогаш продолжувате со рецептот, во спротивно, на тивок оган или на пареа со матење истретирајте ги 5-10 минути.

Путерот растопете го. Во мелените бисквити додадете ги оревите и лешниците, па заедно полејте ги со путерот и изладените јајца.

Промешајте убаво со лажица. Ако смесата е малку течна, додадете уште малку бисквити. Треба да се добие меко, мазно и густо тесто.

Смесата префрлете ја во калап и добро израмнете и ставете во фрижидер за да се стегне убаво.

За тоа време подгответе ја глазурата: искршеното чоколадо заедно со маслото растоепете го на многу тивок оган (или во микробранова), па прелијте преку колачот и израмнете.

Повторно вратете во фрижидер, па кога ќе се стегне и чоколадото, можете да ја сечете и да ја послужите.

Сите детали околу подготвувањето можете да ги погледнете во видеото: